Меѓутоа, од поднесената молба до царскиот Диван, рајата од споменатата Монастирска каза известува дека бившиот мутеселим Шефки-беј додал додаток и за оваа среќна година преку постоечките додатоци, со што ја покачил сумата на 135.000 гроша и со тоа ја натерал рајата да го продава својот недвижен имот за да го исплати данокот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Беше дваесет и први јуни, кога главниот инженер извести дека најпосле работата е завршена и водата може да потече.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Зошто е потребно изживување, толку бесполезно трошење достоинство и енергија?“ - му поминува низ главата на Максимилијан Мертен, кој размислува правнички ефикасно, практично, онака како што е формиран во неговата нагорна кариера, која најнапред поради личното пријателство со Фирерот, го донесе од местото јавен обвинител на Берлин, по почетокот на војната, на позицијата на началник на одделот за економски прашања на војската, управник на окупираната зона на Солун и Егејот и така натаму, и така натаму, како што самозадоволно констатира секој ден погледнувајќи се во огледалото на излезот од својот луксузен стан.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И ја барам Вашата поддршка во однос на она што притоа му го наложив”, одговори Беренц, иако беше известен дека веднаш по посетата кај него градоначалникот бил во посета на владиката. „Вчера се видов и јас со господинот Карер, но тоа беше една неслужебна средба.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но, егзактно реконструира д-р Мертен, нашите власти во градот известуваат дека не постојат никакви нивни „различни врски”, дури ни учество во движењето на отпорот, не постои координација со италијанските сојузници по ова прашање, па сугерираа „ова непожелно малцинство” да се остави да биде десеткувано од гладот и студот...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„За што се работи, командиру?“ „Нам ни е неопходна деталната листа на еврејските семејства што тука живеат”, рече Беренц. „И?“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тука Пискулиев најпосле се извести дека има едно создание што го следи со љубов, а тоа е неговата хазјајка, ќерка му на дедо Ивана.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Како дојде до таа промена? •Хичкок: „Дејвид Селзник ме извести дека го променил мислењето и дека ги купил правата за Ребека.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во приказната постои ужасна слабост, која нашите пријатели, почитувачи на веродостојноста, никогаш не ја забележаа: ноќта во која се пронаоѓа бродот со телото на Ребека открива една чудна сличност.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ми тропна под прозорецот и ме извести дека работата и натаму е лоша и кој знае до утре што ќе биде...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
На 11 април 1944 година Едмондс ќе извести дека “СНОФ е словенско име за ЕАМ“ и дека “нивната политика спрема словенското малцинство се чини дека е многу успешна на Вичо каде псевдокомунизмот сега е многу јак.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Ќе извести дека како резултат на неговите посети Тито “испратил емисари во Македонија со цел да останат настрана од грчките работи“.375 Како потврда на стаавот на Тито да не се преземат активности во однос на ситуацијата во Грција било одржувањето на Првата конференција на жените на Македонија на 15 декември во Скопје на која ниту еден од говорниците не се “осврна на грчките работи“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од една заробена германска порака од страна на единците на НОВ и ПО на Македонија, Force 399 бил известен дека „Македонија во иднина ќе се смета како борбена зона без позадинско обезбедување или линии за повлекување“ од страна на Германците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Ќе извести дека партизанските единици ги освоиле “Ботун, Мешеишта, Сливово, Пресека“ и пресекле два железнички моста.190 На 29 август била спуштена поголема пратка експлозив кај Првата македонска ударна бригада со што Мекдоналд се надевал да ги крене во воздух “сите мостови на патот Струга-Дебар“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Исто така Милер известил дека на Заседанието одржал говор и Светозар Вукмановиќ - Темпо кој нагласил дека “партизаните на македонската армија се подготвени за понатамошни операции против Хуните во правец на Берлин“.305 Текот на Заседанието со особено внимание бил следен од претставниците на британската и американската воена мисија во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Германските сили кои се вклучени се збирштина и во нив влегуваат: Италијанци, Чеси, Полјаци и Словенци“.178 На 24 јули 1944 година Мекдоналд известува дека македонските и косовските партизани близу албанската граница поставиле “две успешни заседи на патот Дебар-Струга помеѓу 17 и 22 јули.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Подоцна таков аеродром бил направен кај селото Издеглавје во Долна Дебарца, Охридско.189 На 30 август 1944 година Мекдоналд ќе извести дека во последните денови на август настанала пресвртница во однос на акциите спрема непријателот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во однос на политичките барања на Македонците ќе извести дека тие вклучуват “дел од Солун и северно од него“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
При тоа тие добиле информација дека “југосовенските партизани во Македонија ги ослободиле Кичево,88 Гостивар, Дебар и Тетово“.89 Со истата радиограма Маклин бил известен дека “две британски мисии кои оваа недела се спуштија кај албанските граници сега ќе заминат за Струга за да стапат во контакт со партизаните во таа област и оттаму треба да се обидат да стапат во контакт со македонскиот ГШ“.90 Едната мисија била предводена од Мостин Дејвис, а во неговата придружба биле еден оператор за врадиоврска и еден експерт за експлозив.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
На 17 април Едмондс многу кратко ќе го извести Каиро дека идејата за “независна Македонија само што влезе“.336 На 19 април Едмондс во радиограмот до Еванс го известува дека единиците на НОВ и ПО на Македонија би можеле да вршат напади на комуникациите во делот на Македонија под Грција доколку им биде испратена потребната помош.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
316 На 3 јули Conserve ќе извести дека во “оваа област има триесет илјади луѓе без храна како резултат на бугарската офанзива.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
318 На 5 јули 1944 година одговорниот на мисјата Cocserve капетанот Ламби ќе извести дека во “неговата област има 30.000 луѓе кои се без храна како резултат на неодамнешната бугарска офанзива. Генерал Апостолски има договорено да купи храна за нив во низинскиот дел, но ургентно му се потребни пари за оваа цел“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
214 На 2 септември Мекдоналд ќе извести дека “комуникацијата Струга-Кичево е уништена.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Мисијата на Spike на 1 септември известува дека единиците на 41 дивизија “на дваесет и седми нападнала моторизирана германска колона на патот Прилеп-Кавадарци повторувам Прилеп-Кавадарци уништувајќи единаесет камиони.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
„334 На 12 април капетанот Еванс известил дека присуствувал на отворањето на состанокот на СНОФ на кој присуствувале делегати “од западниот дел на Грција кои зборуваат словенски“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Ќе извести дека “борбата за секоја куќа се одвиваше се до ова утро кога непријателот се повлече.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Нејсе. Едно утро, во мај 2004 год., од Велес ми се јави Секретарот на „Рациновите средби“ и ме извести дека жири-комисијата ми го доделила Рациновото признание за „Захариј...“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се сеќавам, во време на Панк наездата, еден мој школски другар целосно предаден на ерозијата на музиката, потрупан со амблеми на декадентниот рок, пред портата, на тогаш единствениот, универзитет во нашава Македонија, со цинична насмевка ме извести дека факултетот го влечка со години затоа што не може да се разбуди на време и ги преспива испитите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тоа не му го кажав на загрижениот директор на центарот за култура затоа, пак, тој ме извести дека пред некој ден, во еден, исто така, мал град се откажала театарската претстава поради тоа што во салата немало никој, ама баш никој што би можел да се регистрира како театарски консумент, просто речено, како публика.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Со себе носат девет коњи и едно магаре кои ги оплачкале.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
До Инспекторот на полицијата Скопје Од управителот на поштата во Прилеп и од началникот на Прилепски срез добив телеграма со која ме известуваат дека четниците кои се враќаат од бојното поле вовеле вистинска анархија и безвластие.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мажот ѝ, кој е магионичар на забави, ја чека во Барселона и до полноќ мора да завршат три работи, па затоа сака да го извести дека нема да може да му се придружи навреме.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Вознемирена, се распраша кај другата болничарка, а оваа, немајќи што да каже, ги крена рамената.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Еден ден учителот нѐ извести дека на кралот Александар му е извршен атентат. Тоа беше во 1934 година.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Наспроти тоа, пропишаната процедура од 1996 година е следната: прво, најдоцна 7 дена пред денот кога имаат намера да најават штрајк, синдикатот, односно работниците кои го користат правото на штрајк, доставуваат писмено предупредување во кое ќе известат дека имаат намера да организираат штрајк.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во писмото што му го напиша Марија на Карл, само го извести дека се вработила како библиотекар.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тој сфаќаше каков шок доживеале кога им го испрати писмото во кое ги извести дека со него живее жена што е од друга држава... Од друга националност...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Катерина кон пладне ме извести дека не треба да ја чекам. Ќе се вратела дури вечерта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Те сакам – ми шепна во слушалката пред да ја спушти.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И не враќајте се, Ве молам
да ме известите дека сѐ течело според планот.
Цезарот тоа не го интересира.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И кога верував, по одличниот прием на француската критика, особено на романот Времето на козите (чие излегување беше одбележано во централните париски медиуми Фигаро, Монд Дипломатик, Франс-Култур, Ла Кроа, Магазин литерер, Лир и многу други, веќе преведен на неколку европски јазици, номиниран за високи меѓународни награди како најдобар странски роман објавен во Франција за 1997 година, потоа за наградата најдобар европски роман Жан Моне и други), мојот издавач Фајар неочекувано, и покрај потпишаниот договор за објавување на романот Балкански клуч и согласноста да се објави романот Патот на јагулите, ме извести дека прекинува со објавување на мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Уште вечерта дома ми се јави директорката од Шапоно да ми се заблагодари и да ме извести дека моите читатели од Шапоно организирале камион со хуманитарна помош кој се готвеше да замине за Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Вие сте големата надеж на моето пишување, надежта во еден поубав, обединет свет.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Неколкупати ја читав електронската порака која, претходно, пред неколку месеци ми ја испрати главата на Фајар Клод Диран од 18 април 2000 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
" Во извештајот од 14 јануари 1945 година се известува дека во Скопје имало големо незадоволство во "врска со Вториот младински конгрес, кој се одржа во Скопје на 5 јануари".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај фактот што САД интересот за Балканот ѝ го остапиле на Велика Британија, сепак, со одделувањето на своите воени мисии од британските и со настојувањето да имаат свои разузнавачи во Југославија и во федерална Македонија зборува дека САД постепено го започнале своето инволвирање во политичките работи на Балканот, иако тоа било само "срамежливо" покажување интерес за работите што се одвививале на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Изворот, исто така, известува дека на 18 ноември во Битола биле обновени барањата на грчките Македонци за вклучување во Југославија, но биле отфрени од југословенските партизани со образложение дека тоа е деликатно дипломатско прашање во кое основно е да се соработува со СССР, Велика Британија и со САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Посебно му потенцирал дека Југославија треба да внимава да не биде вовлечена во "настаните во Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Резултатите од Конгресот не биле објавени во локалниот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На одржаната средба со Тито, Меклин отворено го известил дека Британците се посебно загрижени околу активностите кои се одвиваат во Македонија, чија цел е нејзиното обединување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
По сместувањето во логорот, со писмо се јави дома колку да извести дека е здрав и жив, му напиша едно писмо на мајсторот Ратко во кое му се заблагодари за заемот и му вети дека парите ќе му ги врати.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Летка го известува дека и по повеќе од целата година на Интернет нема промена.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Едно што во целата ситуација, колку што ми изгледаше нереална и лажна, самата помисла каде се наоѓам ме извести дека сето тоа е вистина.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Целиот свет ми се сруши кога ме извести дека тој ден има закажано фотосесија со некоја девојка.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Гоце ги известил дека од Задграничното претставништво МРО ќе добијат поголема сума пари, но барал од нив да не брзаат со атентатите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)