изведе (гл.) - свој (прид.)

Умееше, велат, да ја изведе својата “музика” горе-доле по полниот орган, погодувајќи точно во најосетливите ерогени зони кои, секако, кај секого се различни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еднаш на планина удрил некоја трудница која носела вреќа јаглен, па, среде улица побацила крваво, мртво бебе, а Кеиф излегол од колата, седнал на тротоарот и со стап брчкал по локвата крв; полицијата го испрашувала Аракнид и на крај ја уапсила жената заради кршење на Санитарните прописи. (...) Леиф Баксузот, Норвежанин, беше висок и слаб со кружно крпче околу едното око, со замрзнато лице и со постојана насмевка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека овој мирно седеше оставајќи го народот да ги изведува своите вештини пред него, новиот претседател и самиот активно учествува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имаше силна духовна моќ полиграфот Фаик Коница, со силниот заграб на неговиот интелект, да го изведе својот народ од маѓепсаниот источен патријархално-трибалистички круг и да го внесе, макар задоцнето, во поприштето на европските идеи, оддалечувајќи го од феудалниот отомански ментален хоризонт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Спокојно стана, се истушира и реши да ја изведе својата дневна полчасовна медитативна вежба, нешто што вчера го пропушти поради патувањето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Никој, освен нив десетина, не знаел што точно тие подготвуваат и како ќе ја изведат својата акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа тој не се согласил со гемиџиите да ја изведат својата акција во толку неповолно време за Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Мене судбината ми одреди да одам на југ, и во тој правец ќе тргнам, кон Солун - се јуначеше со тенок глас човечето Крсто.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Околу нив постојано протрчуваше сниското слабо човече Крсто, еден од деградираните командири на партизанската војска, и го раскажуваше по којзнае кој пат оној случај кога тој божем имал храброст да го изведе својот вод пред бригадата и да изјави со полн глас дека одбива да замине со борците на Сремски фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)