Но, самите спортски настани и натаму си задржуваат родова кодираност инаква од кодираноста на сценските изведби.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Го гледаме тоа во танцовните керефеки што фудбалерите си ги изведуваат крај линиите, го гледаме тоа во накитот, во тетоважите и во фризурите на професионалните кошаркари како Денис Родман (иако Родман тврдеше дека никогаш „не се вкопил во калапот на маж од НБА“).290 А со тоа ни оддалеку не сме ја ни начнале метеорската кариера на Дејвид Бекам, кој му се посветил на изгледот барем исто колку што му се посветил на дејството.291 Професионалните спортови сѐ повеќе заличуваат на театар, на огромна и бескрајна мелодрама што постојано се одигрува на кабелските канали како И-ес-пи-ен и на спортските страници во весниците и во списанијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За разлика од спортските ѕвезди, забавувачите на кои работата не им е да победат на натпревар, туку да изведат сценарио на сцена – било да е тоа сериозен театар, брoдвејски мјузикл, некоја опера или балет – поради тоа се феминизираат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)