Воспитувачот, предобриот Трифун Трифуноски, поет, одговорен раководител на Фискултурната и литературната дружина, со две околиски првенства на крострчање (пролетниот и есенскиот крос) - со еден забележлив републички настап, тринаесетти, изваден во весник, награден со диплома и тие нешта што одат со тоа, - на највозвишен, стоотстотен уметнички начин ни соопшти за денот на аудицијата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ја прашуваа само неа дали сето млеко од овците да се сири, или нешто да се извади во ѓумови за на пазар, и колку, па колку восок да се остави за свеќи, дали маслото во ќуповите ќе стаса или да се прикупи, дали од месото од свињите што мораа да ги испозаколат, зашто мухамеданците не јадат свинско, да ѝ остават некој черек за неа и за папуџијата Јосиф.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Извади во едно паниче сирење, па седна крај разгореното огниште, и не чекајќи ни малку да остинат, ги подбра компирите и не ги остави додека не се наполни до гуша.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)