Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Некои паднаа на оваа „квака“ – по што, по краток временски период откако беа вратени на работа, повторно беа избркани на улица!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Откако наидува на крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос од претпоставените и откако увидува дека е изманипулирана и практично не постои можност за вонсудско решавање на спорот, таа – заедно со уште десетина работнички 282 кои се најдоа во ист кош, а охрабрени од позитивното искуство на некои работнички од истото трговско друштво, кои уште од порано се одважиле спорот да го решат по судски пат – решаваат, во јули 2009 – та, да поднесат колективна тужба против нивниот довчерашен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)