Неколку недели чекаа да дојде некој од властите од Тополчани, од Прилеп, или од Битола и да се заинтересира за бомбата, но кога се пронесоа гласови дека овчарите, а и некои од дечиштата, оделе таму и ја прерипнувале со стап, или без него, се уплашија да не се стори некоја пакост, па ги одредија Крстета Јанчески, кој во Второ бугарско стана кмет на Потковицата, Најда Акиноски и Ѓорета Дамчески, кој од помладите луѓе изби во прв ред, да отидат во Тополчани, а ако не успеат таму во Прилеп, ако не успеат и таму во Битола, и да бараат да дојде некој оттаму и да ја растури бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И тогаш, и секогаш кога повторно ќе отидеа да бараат да дојде некој и да ја растури бомбата, само им ветуваа дека навистина овој пат ќе испратат некого, но во текот на целата таа година никој не се појави.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На еден поширок општествено-историски план, од Фројд навака е познато дека ако долго време непријатните факти од стварноста се потиснуваат во потсвеста, тие со стократна сила ќе избијат во свеста која, меѓутоа, нема да биде способна да ги препознае, прифати, и да ги контролира со рационализација.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Таа крива и дупчеста артерија го завршува градот, избива во друм покрај Вардар и се губи на голиот рид.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Има право, заклучувам и за миг овој чин меѓусебно уништување го доживувам како голема претстава во која мојата улога избива во главна.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Нејасното мислење за слободата, според него, добило конкретизирање со тоа што балканските нации „сакаат да ги тргнат народите и земјите на Балканот од дофатот и меѓусебното дејствување на империјалистичките сили, независно дали се од Оската или не“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Елијас Канети Пролог Има мигови во животот кога долго потиснуваната вистина во себе предизвикана од необични настани силно избива во надворешниот свет.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Единствено Луис Адамиќ сметал дека „балканскиот дух избива во преден план и е многу поконкретен отколку што е обично“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)