Наместо залудно да се опивате со безнадежноста на очајот и на гневот, воздигнете се од својата несреќа со силата што ви е дадена да ја имате и со неа да создавате и од пепелта изградете нови храмови, изберете нови водачи, направете нови семејства!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Пушење требало да се викаат и песната и целиот албум за Гефен рекордс, а на обвивката требало да го има цртежот на Крафорд од Петибон, но Дејвид Гефен ја отфрлил таа идеја, а песната ја скратиле на две минути и ја пренасловиле како „Милдред Пирс“, додека албумот го преименувале во Гу, а за насловната се избрал нов цртеж од Петибон.403
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Излегува дека злодухот одговорен за асоцијацијата бил Рејмонд Петибон, графичар кој многу ја сакал басистката на Соник јут, Ким Гордон, и кој бил многу популарен на панк-сцената во Лос Анџелес (постариот брат на Петибон е основач на легендарната панк-група Блек флег).401
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Според Стиви Шик, „Насловот (на нумерата)... е преземен од една маица на Турстон (Мур, пејачот и гитарист на групата), на која имало илустрација од Рејмон Петибон на холивудската дива Џоан Крафорд во насловната улога на хероината од класичниот филм од црната серија, Милдред Пирс, под која било начкртано „Пушење?“.402
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Соник јут се сосема благонаклонети кон настраното. Во нивните културни референции има многу геј-уметници и дела.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, ако заминеше и на негово место се избереше нов секретар, тој сигурно веднаш, штом ќе ја отвореше касата, ќе дојдеше до тајната директива и можеше да ја активира поради видливата агресивност на козите и со тоа би напреднал во кариерата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чанга ја избра новата балканска варијаната на масовното жртвување.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Вечер ќе се избере нов секретар и ќе се изврши измена на Месниот комитет во Мацково.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Вечерта беа дошле да изберат нов секретар на Месниот комитет, бидејќи чичко Анѓеле беше партизан.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)