избере (гл.) - најдобар (прид.)

Писателот кој ќе се помачи со овие вежби ќе сфати, при пишување на приказна или роман, дека на располагање му стојат разни можности во секој момент од творењето, а ќе биде во подобра позиција и да избере најдобро решение - или да смисли некое ново.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ти знаеш дека човештвото ќе те чита и препрочитува, дека ќе зборува за тоа што рече ти за човечкото суштество, за неговите соништа и неговата стварност, за неговото свесно и неговото несвесно, за тотемот и табуто, за таткоубиството и инцестот, за Еросот и Танатосот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти си го избрал најдобриот пат, драг мој брате: веруваш дека ќе продолжиш да живееш преку своите дела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)