Широк замав  Ја отвора утробата на денот  Од темниот облак скакулци само еден слетува  Да избере могила за мртвите крила  И заспива во песокта на заборавот    Со смеа што прска црвено  Маестрото слегува од сликата  Со мечот на Хамлет во раката  А никогаш не слушнал за боите на смртта.    6. 10. 2000 г.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)