избегнува (гл.) - да (сврз.)

Оние излезените во полето по работа, се сретнуваа на кладенците, на поилата за добитокот, каде што намерно одеа да киснат `рженица за јажици, на бунарите во бавчите, во колибите по бостаните и итро избегнувајќи да се определат за едната или за другата страна си докажуваа едни на други дека кога-тогаш меѓу скараните ќе дојде до отворено крвопролевање, а оние, што беа останати во селото, редовниците, старите и болните, за неа дознаа од децата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И намерно не знаат како се викал, едни го крстат Григорие други Георгие, и намерно не знаат ни од кое колено на Акиноските бил, дали од првото што се доселило во Потковицата или од некои од подоцнежните (и покрај што настаните, видовме, укажуваат на првото, врзано е за првите доселеници Турци во Потковицата, конкретно за Арслан бег, но кога човек ќе му обрне внимание на тоа, тие, за да му дадат уште поголема зачуденост на сето ова, за да ја изедначат сета таа историја со божје претсказание, си плукаат во пазувите, крстејќи се бошотат нејасни зборови и избегнувајќи да одговорат или да го продолжат разговорот, итро и брзо ја менуваат темата) но бил стар, мошне стар, и праведник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Избегнуваше да влегува во вигната и да се доближува до Стевана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Братучедите стрпливо чекаа избегнувајќи да се загледуваат околу себе за да не видат нешто што не смеат зашто стражарот што беше пред порта скоро не тргаше очи од нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Возбудата делуваше врз падот на шеќерот, избегнуваше да говори, а со Снеже се разбираа само со насмевка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во сите тие денови на училиште постојано избегнував да излегувам на одморите, за да не се сретнам со Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Црните чевли на доктор Станеф, што му стигаа до глуждовите, избегнуваа да стапнат на чкрапливите дрвени штици во неговата стара канцеларија, и тој сега со својата бела шилеста брада личеше на ”бегалец”, или како некоја намусена мачка, која со своето семејство се преселила во удобна стара фармерска куќа, во тесна мала колиба или во мало станче во предградието.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не ќе ја изоди... Избегнуваше да зборува за она.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иван избегнува да го задржи погледот врз вжолтените лица на своите другари.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо мирно слушаше, избегнувајќи да го сретне неговиот поглед...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зелен отров, помисли. Како нечии очи. Избегнуваше да одговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Симон избегнуваше да ме прима дома. Кога требаше нешто да разговараме, тој излегуваше на патот над куќа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Она старче многу често го носеше тоа како прогонење, но Змејко баш и прекумера чувствително кон тоа и секогаш избегнуваше да се покажува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Избегнувајќи да се сретнам со него,се оддалечив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Избегнував да се сретнам со децата од улицата и се прашував - како Пенчо успеал да ја обере недоверливата старица?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
ЈАКОВ: Само жестоко ме доживувате. Навикнати сте на јазик кој не говори ништо и на луѓе кои говорат сешто, а избегнуваат да кажат било што.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Еврејката Нилика, во овој ист, за жал исчезнат во Земјотресот Пасаж пред да замине за Израел ми беше рекла дека долго избегнувала да шета по Пасажов за да не се среќава со спомените.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)