Тој ден, кога Атанас Дамчески молеше и лелекаше на Молитвена Вода, остана за приказ во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И кога овие се приближија, стариот бег просолзи, и се избакна со сите тројца и им подари по две железа за кревети.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Добредошол, добредошол! — повикаа сите четници и се избакнаа со новиот другар.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога се врати од војска, по три години, не поседе в град ни три недели, туку еднаш, во делник, сред лето, во време жетва, неочекуван од никого достаса во Потковицата; првин бил дома си, се видел и се избакнал со деда си Блажета, потоа собрал фотографии од сите домашни, и - се огласи од Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)