Се чини како оној најслушаниот Бојс кој исчезна низ прозорецот да се вратил низ рамките и присуствува на оваа изложба, Бојс-дијалектичар и оратор-бранител, Бојс на перформансите и екологист- кандидат на европските избори, оној кој ја подржуваше идејата “секој човек е уметник”, оној чија концепција за проширена уметност немаше ништо заедничко со “таканаречените пластични дарови”; се чини како тој, Бојс, теозоф и гуру, да се обраќа до ѕидовите, но само со неколку зборови педагошко резиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Можеби мнозина ќе се запрашаат: 1) ако досега комитетите имаа играно двојна улога: на Бугарите им имаат велено оти Македонците се Бугари и еден ден Македонија како и да биде ќе се соедини со Бугарија, а на европејците им велат оти тие бараат автономна Македонија само за Македонците, оти немаат никаква мисла за соединување со Бугарија, тогаш од каде јас знам оти комитетите ја лажат Бугарија, а не Европа?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Потсетувајќи дека уметничките дела на Бојс не може да се редуцираат на она што ние го гледаме, овие бордури-рамки играат двојна улога: тие се забрзан тек за оние кои тежнеат да ја дофатат мислата на Бојс и, истовремено, направа за корекција на погледот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На оваа изложба, налик на многу други изложби од современа уметност, единствена екстраваганција е експликативната бордура на секое дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Според неговите информации, неколку „унгарски Македонци, кои претходно целосно му било предани на Михајлов, сега поради нивните симпатии спрема Германците“ ја изгубиле неговата довербата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сметал дека би било добро да се воспостави контакт со него и покрај фактот што Михајлов би можел да „игра двојна улога“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)