игра (гл.) - по (предл.)

Црвени сенки му играа по лицето. Брадата му се оцртуваше во профил убаво заоблена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Рада беше првата што се смири. Иако знаеше, реши да игра по замисленото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Погледот не му се задржуваше нигде. Играше по целото тело на Отец Симеон како меко глувче.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе ме дочекаа другарките и ќе се распрсневме да играме по улицата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Виде деца како играат по тротоарот: Русокосото беше сонце и токму кога младиот човек минуваше крај него се одлепи од плочникот. Од косата му засветли злато.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Си ја тераше тој колата низ село, а ние десетина дечишта си игравме по патот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Горачинов ги крева веѓите и ги отскрива големите очи: во обете му игра по едно мало човече што личи на мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неподвижни, сè уште со згрчени прсти на десниците околу дршките на јатаганите, борците со распорани утроби 'ржеле еден на друг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да оживувале старо заборавено оро на пагани што се игра по такт на крици и извици, се доближувале со челата додека се спуштале на коленици, и едниот и другиот со разголени заби и со блесок на модри белки под стиснатите веѓи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шо прави персијскиот цар? Му праќа тиниќиња од конзерви, клопотарки и му вика: „Со овие можиш да си играш по улицата“.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ко цар Александар дојде на 20 години фаќа му вика: „Ајде да се спремаш за војна!“ Цар Александар му вика.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сенката од јаболкницата во дворот играше по ѕидот над главата на сестра ми.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Само малите деца безгрижно играа по гумната, правеа кошарници, играа „бинек и бишка“.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сенката од јаболкницата играше по ѕидот над главата на сестра ми.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Играа по тактот на мелодиите што ги слушаа иако не ги знаеја игрите: танго, валцер, фокстрот, чарлстон, самба, румба, рокенрол, ча-ча-ча, боса нова, полка, а најмногу ламбада која беше хит и која почесто ја повторуваа и чиишто ритам најмногу им се допаѓаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)