- По домаќиниве ќе плиснеме само вода за среќен пат. Никој, разбирате, солза да не пушти.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во едно од нив најде и луштенка коска, дебела колку неговиот прст. Но, ни тоа веќе не значеше ништо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа некогашно копање не би значело ништо за ровкоста на земјата сега.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Иако на никој од гостите не им значеа ништо имињата на нејзините братучетки, Мариела посебно нагласуваше, покажувајќи со прстот на девојче во шарен фустан, дека девојчето на фотографијата е таа, застаната меѓу Николина и Фанија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)