- Значи во случајов се сомневаш во разумноста на љубовта?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тие непосредно нè упатуваат кон популарните обувки на адолесцентите, ни помагаат да ја фокусираме фантазијата така што, благодарејќи му на сеприсутниот популарен елемент, ќе ја идентификуваме мрежата на означители: патиките на куклите им овозможуваат да значат во ова време, додека се стекнува впечаток дека за некое идно изложување би можеле да бидат и заменети.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, останува прашањето на патиките. Ако куклите ги замислиме без нив, навистина можеме да се согласиме дека глетката би делувала помалку „нездраво“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Извештаченоста е онаа чудна состојба на душата во која свеста штотуку прогледува, како што тоа го кажува Гомбрович, увидувајќи го лицемерството на својата состојба, и кое се состои во создавањето на еден вештачки двојник, во правењето еден вештачки автомат на својата сопствена суштина, што значи во понадворешнувањето на себеси како друг, со милоста на знаците.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)