знае (гл.) - ќе (чест.)

Ти се чини на мравка не згазуа, светица ти се праве секаде, а кога а жегна оти малот ќе го преполоват Илковите деца, „и кошулата од грбот да знам ќе a дада, 'и не и оставам да ми се башарат туѓи деца на мојто огниште.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И додека Јосиф нивни Акиноски го собира планот, откако пред тоа д ќошевите ги истава камењата и додека потоа го прави тутурка, тој, Максим Акиноски, претпазливо, ги симнува панделките од писмото, а за тоа време и после, додека го одвиткува, на сите другите им вели После, откако ќе го прочитаме писмото, кој знае сам ќе се потпише, а тие кои не знаат ќе се потпишеме или јас или Костадин или Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако знаев ќе оставев да поспиеш на раат со Катето — се извини иронично Муарем и и нареди на старата да излегуваат порано со Ката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Прашувај, ако знаеме ќе ти кажеме. Да чујам што те мачи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Никој нема да знае, а и да знае ќе се прави недоветен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
КАТА: Ние некоја што знае ќе бараме, само ако си од сукана. (Жетварките, кои по песната се насобираат и ѕиркаат од прозорците, се смејат).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
7. РАНИ КУЧЕ ДА ТЕ ЛАЕ - добро е, пак, што не те и каса, кој такво куче да израни знаел ќе знае и пред него да вјаса...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Кој не знае божја казна го чека А кој премногу знае ќе пати дури три века) Ако спремен ти си да признаеш вина штом гревови те стигнаа од кармата
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Сите партизански песни што ги знаеме ќе ги препееме, на два гласа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не знам дали знаете, ама ако не знаете ќе ви кажам дека вистинското турско кафе не се вари на оган и на пламен и ниту на плоча загревана со електрика, туку само на спуза.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш не дотрајав: - Прашајте однадвор, велам, ако знам ќе ви кажам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)