знае (гл.) - нека (чест.)

— Шо има да велат: Бели пари за црни дни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се сеќавам, пред Свети Сава ме фати треска, и едно време не одев на училиште, но учителот им рекол на децата: Милица како знае нека дојде. (Кога дојдоа Србите ме прекрстија од Милка во Милица, но дома сè уште ме викаа Милка или Мила).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кој како што си знае нека си прави, ние на други нема ум да продаваме, но тебе не ти требат такви работи — Љубов!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако оди по горниот пат, ќе стигне во Тирана, а ако оди по долниот пат, по рамно – така му рекоа тие од селото Шкумбин – ќе стигне во Дуреси, а таму како што знае нека се распраша каде имаат сместено многу деца.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе му го доведеме на мудурот, шо знае нека му праве — му одговори Лесната и тропна на вратата за да му отвори стражарот. Му рече дека има работа кај мудурот и овој го одведе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му се товари анџијата на дуовникот и го моли да го земе Силјана на аџилак, да отаде назад како знае нека си прави.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)