знае (гл.) - точно (прил.)

Без било какви отстапки, знаеле точно да го утврдат, со прецизно мерење, паѓањето на тој прв сончев зрак на две места.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не знам точно колку, но спрема правилата на играта доволно за основање форум за човекови права што меѓународно би бил признат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како до Вевчани или како во Тетово, ама не можам да знам точно каде зошто јас никогаш во животот не сум бил ни во Вевчани ни во Тетово.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се разбира, не знаев точно што му зборувам, ме влечеше само желбата да се почне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секс, дрога и рокенрол. Секс немаше никаде, освен во неговата парола, ама затоа пак, имаше премногу од останатото, знаеше точно како да го компензира она што му недостигаше.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не знам точно каде одевме, но знам дека бевме мртви гладни и смрзнати оти беше април и не беше баш така топло!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се сеќавам, беше пролетта `45 или `46 година, не знам точно!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не знам точно, ама ми се чини оти имаше дваесет и две или дваесет и три години.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не знам точно дали беше `87 или `88 година кога мајка ми и јас отидовме во Будимпешта.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Интелектуалецот е нешто друго. Ние знаеме точно кога и каде е тој роден.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Новороденото сестриче имало три кила и двесте грама и било долго педесет сантиметри.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не знам точно колку време чекавме загледани кон прозорците.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
“Две сестрички - еден метар. Леле, мајко!“ извика Влатко и сите се смеевме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во Венеција има мнозина кои не знаат точно што сакаат (хипиците на времето исто така не знаеја што сакаат, ама барем тоа го сакаа веднаш) а безмалку сите знаат што не сакаат – не го сакаат тоа што го имаат, не ја сакаат деноноќната врева, а богами се помалку ги сакаат и старите канцони.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Пак си тераат по свое, си ги негуваат мустачињата, глуви за одговорноста пред идните поколенија, тие та дури и умираат колку да се умре.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Дури така беа во недоумение, дотрча одозгора и Ивановиќ којшто исто ги слушна буриите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А овдека чуката од двете страни е гола, а што е најглавно, ги знаат точно каде се, та ќе го насочат нападот точно на нив, ќе ги опколат и сите живи ќе ги изловат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сеќавање за стихотворбата Детето, синот, напиша стихотворба. Вчера. Можеби и завчера. Не знае точно тој кога.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не знам точно што - но нешто убаво.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Фонетската алузија речиси е неизбежна, а гледачот едноставно сепак има време, можеби само да почувствува нешто валкано, иако не знае точно што.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Јас не знам точно што мислиш ти за Рози и за мене, но тоа мора да е нешто многу страшно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Затоа што таквите ликови не остваруваат дејство, туку изведуваат претходно утврдена и напишана улога, тие ја немаат, и при сета своја виртуозност (и мускулатура, барем во случајот со танчерите) мажествената достоинственост на спортските ѕвезди или на политичарите од едниот или од другиот род, кои на почетокот од играта не знаат точно што ќе прават со телата и како ќе се однесуваат во текот на дејството што ќе уследи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, со оглед на стандардната опозиција во хетеронормативната култура меѓу улогите и суштините – која е изоморфна со другите слични опозиции меѓу извештаченоста и природноста, изгледањето и бидувањето, неавтентичноста и автентичноста, изведбата и идентитетот, женственоста и мажественоста – таа претставува значителен проблем за родовиот идентитет на пејачите, на танчерите и на глумците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Џоан Крафорд е еден од трагичните ликови на ѕвездувањето, зашто таа е една од малкуте што знаеја точно како оди и што значи тоа, а, пак, ниту нејзе не ѝ успеа да го совлада...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа, значајно е, не подразбира родова неволја за дивите, за балерините и за глумиците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Покрај сателитска, АДСЛ и таблет не знаевме точно што ќе ни е, ама вечерта снема струја од громовите изгоре модемот и блескаше од штекерите, па седејќи во темното се сетивме на транзисторот, и со радост го пуштивме.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
- Не знам точно. Премлад ли сум да ги разбирам вашите закони?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Можеби триесет и шест, можеби триесет и седум, се изненадил од прашањето Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знам точно дали приказнава започнува во вторник или петок ама сигурен сум дека беше тоа еден пазарен ден во Битола, а во Битола само вторниците и петоците е пазар, тоа сите битолчани, а и многу небитолчани го знаат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Брат ми зборуваше и тоа сѐ наврекнато уште десетина минути можеби, навистина не знам точно да ви кажам, оти баш за тоа време воопшто не бев при себе, како некој друг да стоеше место мене заглавен во незгодата и асфалтот но, кога малку дојдов на себе, во мислите ми се заврти филмот за овој човек овде што ми викаше, и мислам, почнав да размислувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иако Долгиот знаеше кој ден се враќаат екскурзијантите, не го знаеше точно часот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И сите со кои разговара знаат, и сам тој знае точно на што мисли кога разговара, но секогаш прави така, откако ќе ги повлече еднаш дргите, нив ги остава да разговараат за тоа тој што си мислел.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многумина чуле за него, но ретко кој знае точно кај се најдува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не знам точно кога го донесе, не думам, ама тогаш многу го карав Ангелета: - Што ќе ни е куче, бре, му велам, кучиња главата да не ти ја јадат!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам каде, не знам точно до каде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не се знае точно во кој дел на светот го дочекала последниот свој час Рубина Фаин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Всушност, не знаев точно што во овој случај беше пораз а што победа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Гули знај точно да процени какви чевли му се потребни на секој негов муштерија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Месади немаше директен одговор, но сепак рече: - Не знам точно кој е, ама ја изнесе програмата на својата Демократска партија!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Владеела некоја очна болест, не знаат точно каква; според кажувањата, мене ми се чини дека умрело од леукемија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бидејќи не знаеше точно каква помош очекува од О'Брајан, не му беше лесно ни да каже зошто дошле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Повеќе. Двесте години, би рекол. Не се знае точно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Јас знам точно што чувствуваш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас бев таму, но дали знаев точно дека сум таму?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но тие не знаат точно со колку букви пишуваат Грците.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Веројатно не сум знаел точно кога почнува наставата во Учителска, во записот стои дека тоа ќе се случи дури на крајот од месецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не знам точно пред колку години, ама градот решил целото ѓубре да го фрла у Америка.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Гледам еден морнар што ме вика... тоа ме оладува...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не знам точно зашто.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ме вади од памет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И, не знам точно колку време дремев кога одеднаш во ушите ми прострелна жално блеење на овца.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
80" И поради тоа доцни, затоа што тој отишол да купи, надвор врне, затоа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не знам точно колку часот беше. Мислам дека беше 5 и 20.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ПАНАЈОТИС: Планови? Си има тој своја територија. Какви планови? КИРО: Не знам точно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Штом не знаете точно, знаете неточно. Тоа е опасно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Го приготвуваат во последен момент, никој не знае точно кога.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога во недела преминуваат преку мостот, таа опсесивно се труди да го слушне возот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А таму има толку многу птици, неверојатно црвени дебели врапци, златки жолти како кредата во четврто одделение кога доби петка и учителката ⥊ дозволи да го напише на табла списокот на правописни правила за цела седмица.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стоев едно време како здрвен, а во градите срцето ми чукаше толку силно што се уплашив да не добијам инфракт, или инфаркт, веќе не знам точно како се викаше таа страшна болест на срцето.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Една ноќ, по една недела или повеќе, не би знаела точно да каже, иако после беше скоро сигурно дека тој сон го сонувала токму таа ноќ, кога на Едо му се случи несреќата во Сан Диего.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не знам точно да си одговорам, но барем имам право да поставувам прашања.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам точно што се случило.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не знаеме точно како на времето реагирале најкомпетентните во раководната структура на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Колку христијани биле убиени, како и во Солун, не се знае точно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа било разбирливо кога се знае во каков хаос го фрлиле гемиџиите градот со своите бомби, кога никој не знаел точно што се случува, а властите, секогаш наклонети да ја кријат или изопачуваат вистината, давале информации што често биле сосем спротивни на вистинската положба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
До 1880 година не се знаеле точно приходите и расходите во државата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)