знае (гл.) - сега (прил.)

- Тука ќе спиеш ти, а овде јас - покажа старата. - Не знам сега, ако те бендисува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој знаеше сега што се променило на неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе знаат сега, ако не знаеле и порано, дека ја крши спогодбата што ја постигна со нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпосле, откако Петре ќе решеше да влезе во друг дуќан, дуќанџиите, како што му палеа темјан при влегувањето, така при излегувањето го попрскуваа со ѓулсуи, и тој излегуваше на дрвени нозе, поревајќи се и не знаејќи сега на која врата да излезе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Толку знам сега, Силјане, толку ти велам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Знаеше сега дека тоа нивно колебање не доаѓа од чекорењето, туку дека таа игра се создава од чудната случајност на згуснувањето на роевите своеглави снежинки, а неговиот поглед, често губејќи ја својата цел, просто го проголтнуваше целиот тој матеж таму, мачејќи се да го улови секое нивно прострелкување, секое матно просенување низ снежните преспи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не знам сега што да направам. Ја држам така за прстите, се држиме двајцата за чепот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да знае сега Велика кај сум, си мислам, сигурно ќе дојде. По нурум ќе дојде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам сега што јадат војниците, Јон мој. Ние се навикнавме и на помија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)