знае (гл.) - речиси (прил.)

Не знаев речиси ништо за него освен дека е од Западот и, се разбира, неговото име.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Па ние се знаеме речиси од моето доаѓање тука, во Париз.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И тој, и Андриќ, и многумина други писатели ја искористија вистинската шанса што им ја нуди долгиот живот да создаваат без насилен прекин. Но не и кутриот Киш.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Или нешто криеш? - го дополни своето веќе изречено прашање Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега тој стоеше негде над мене, или поблизу!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се кренав и јас, но овој пат со она чувство на задоволство, но и со малку нетрпеливост па дури и со лутина во гласот: - А што очекуваше да ти кажам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А за неговите изгледи не знам речиси ништо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, не би се ни нафатил да му ја кажам на Кевин Авијанс – сјајниот афроамерикански изведувач кој во 2000 г. и во 2001 г. одржа две работилници на мојот предмет „Како да се биде геј“ – иако во 2006 г. веќе не беше во своите дваесетти години кога пред еден геј-бар во Ист Вилиџ му ја скршија вилицата пет-шестмина типови што го нападнаа урлајќи антигеј-навреди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Претставата дека традиционалната машка геј-култура е сосема безначајна и нерелевантна за помладата генерација или за наредната нова генерација е претстава што ревносно ја заговарав кога се сметав за припадник на една таква генерација, а тоа беше на времето, во 1970-тите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сега вака подостарен и премислен, се прашувам како тоа тинејџерите ни се крунските авторитети за геј-културата и за нејзината сегашна релевантност и од каде тоа нужно мора да го мериме континуираното значење на геј-културата проверувајќи како поминува кај најмладите геј-мажи, односно кај оние што тешко дека биле изложени на неа или воведени во неа, а кои во секој случај за неа не знаат речиси ништо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури ни јас не знаев речиси ништо за Џуди Гарланд кога бев помлад.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот на краиштата, Џуди Гарланд баш и не ѝ беше некоја икона на мојата генерација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште од 1970-тите, како што веќе видовме, геј-мажите си прават генерациски споредби во своја полза помеѓу убаво приспособените геј-тинејџери или луѓето по дваесет и некоја година, кои немаат потреба од геј-култура, и оние, постарине кралици што ѝ се фанатично приврзани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Знам речиси сè за нашата потчинетост За постанатоста на одот За стивнатоста на зборот За покорноста на погледот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ние, децата, ја знаевме речиси наизуст Мајкината сторија, кажувана низ Мајкината уста...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)