Јатакот брзо потоа ме информира дека другарот Пене ноќе се состанува со некоја девојка по име Анастасија, нагалено Таска од селото која тој ја знаел порано, но која била ќерка на многу познат монархофашист и заколнат непријател на нашата света борба.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се лизгаше по калдрмата на сокаците, но не онака како што ја знаев порано, туку една нова, воздушеста, истенчена жена, со чудна озареност на лицето, не баре лицето на Св. Богородица поширока од небесата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сега знам, тоа требаше да го знам порано, и јас и другите офицери. И сите поднаредници со веѓи и без веѓи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)