знае (гл.) - подобар (прил.)

Тој ќе нагласи дека “секој Словенски жител на Грција кој се бори против Грците се именува како комитиаџи т.е. бугарски “комита“, што е многу редок случај, како што многу Грци, вклучувајќи ги и образованите, кои би требало да знаат подобро, ги нарекуваат сите грчки славофони „Бугари што тие не се“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Остануваат некои зборови, слики, бескрајното чекање на нешто (чувствуваш?) неизбежно, нечие доаѓање, ѕвонење на телефонот, адреналин, будењето на мрачниот ѕвер, убиство на времето, ненадејно отворање на вратата... остануваат валканобелите ѕидови обременети со тишина, ги голтаат погледите и те оставаат самиот на себеси, безброј прашинести утра кога се откажуваш од својата НАМЕРА, а стакленото око ти го нацелало грбот, подготвено да го испука бесмислениот истрел... остануваат меките, пренатални допири на темнината, ококорените, црни пукнатини на времето меѓу скаменетите бранови на празнината, пополноќните прошетки низ мртвиот град и она скокотливо чувство на необјаснива слобода што ја чувствуваш додека чекориш по пустите улици (стариот Витмен тоа чувство го знаеше подобро од мене)... остануваат порозни делови од едно филтрирано сеќавање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Аргир знаеше подобро од сите, дека е залудно да останува уште овде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Па како знае, Кети?” „Ох, понекогаш животни тие знај подобро и од луѓе.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие знаеле подобро од мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ние знаеме подобро.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Прилог ~кон ~~ ~ ~ сшашисшикаша Од сто луѓе коишто се` знаат подобро - педесет и двајца, несигурни во секој чекор - речиси сите други, подготвени да помогнат, доколку тоа долго не потрае - дури четириесет и деветтемина, секогаш добри, бидејќи поинаку не можат - четворица, можеби и петмина, склони без завист да се восхитуваат - осумнаесетмина, доведени во заблуда со младоста што изминува - плус минус шеесетмина, со коишто нема шега - четириесет и четворица, оние што живеат во постојан страв од некого или нешто - седумдесет и седумина, 192 okno.mk способни за среќа - најмногу дваесет и неколкумина, поединечно безопасни, коишто здивуваат во толпа - сигурно повеќе од половината, окрутни, кога околностите ќе ги принудат - подобро да не знаеме дури ни приближно, мудри после штета - не значително повеќе од мудри пред штета, оние што од животот не земаат ништо освен добра - триесетмина, иако би сакала да грешам, згрбавени, заболени и без батериичка во полумракот - осумдесет и тројца порано или подоцна, праведни - прилично, то ест цели триесет и петмина, Маргина 37 193 ако таа црта е поврзана со напор за разбирање - тројца, достојни за сочувство - деведесет и деветтемина, смртници - сто отсто.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од службената, протоколарна политичка свест на словенската држава и нејзиниот главен град, настана виртуелната, во уметнички концепт вклучената свест на NSK државата. Комплет со гостите, се разбира. 190 okno.mk Маргина 37 191
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Останатото многумина го знаат подобро од мене.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го убија баш таа ноќ кога тој одлучи да ме преведе во светот на вампирите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Токму тој духовен прелом доаѓа до израз веќе кај Margina #19-20 [1995] | okno.mk 109 Кузански, кога вели дека Господ не може да знае подобро отколку ние самите дека еден и еден се два.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- И не ме прашувај само мене, татко ти можеби ќе знае подобро да ти објасни.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)