знае (гл.) - однапред (прил.)

„Душо, сакам да ти...“ Додадов (толку моите нерви знаеја однапред:) - „го претставам новиот татко.” „Да.“ Како слатка беше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Местото каде што нема темнина беше замислената иднина, што човек никогаш нема да ја види, но во која, знаејќи однапред за неа, можеше на мистичен начин да учествува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеше однапред што ќе каже О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеше да изнајде безброј други аргументи за да не го прифати предлогот на Климент Камилски да им објават војна на опасните османски зборови во нивните балкански јазици, во која не знаеше однапред дали ќе бидат победници или поразени.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знаев однапред, бев теоретски добро подготвен за ова патување, дека во Албанија, во времето на сталинизмот, сите престои во земјата на странски делегации биле однапред добро селектирани и подготвувани, низ семожни подробности, со цел на патниците да им се понуди најубава­та можна варијанта за земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Завршуваше претставата на апсурдот во која само јас не си ја знаев однапред улогата и мојот текст.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Единствена промена, за која не знаеше однапред каква ќе биде, и единствен знак на живот во таа изумреност наоколу беа само оние неумоливи и во секоја идна ноќ сѐ поостри и побезбедно гладни и силни писоци на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои од нив ги тераа како парламентарци да тропаат на портата, да им ги отворат за да им однесат порака од беглер-бегот и кадијата дека ќе им простат ако се предадат со добро, но сето тоа бунтовниците го знаеја однапред и не се лажеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да знаеше однапред, ќе си го ставеше медалот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се знаеше однапред дека ова стебло ќе биде уште понецелосно, осиромашено со многу засекогаш загубени гранки, како што беше, впрочем, и самиот Мајкин живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)