знае (гл.) - нешто (прил.)

„Оставете го списокот на бирото!” - му дофрли шефот на СС единицата.  „Може ли да знае нешто?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Сакате да се измачувате себеси?“ „Само сакам да знам,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој беше слободен ѕидар инициран во масонската ложа на Закинтос, којашто впрочем како и сите други ложи на окупираните територии, згасна кога започна војната.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дали ја обесија или таа навистина сама се обесила – не се знае. Ама Пандо треба да знаел нешто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еднаш му пишав на брат ми во Мелбурн и, не раскажувајќи му поединости, го прашав дали тој знае нешто повеќе за нашите предци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Праша, дали тој, Змејко, знае нешто и за стан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Сакам да знам нешто повеќе за вас. И сакам да знам што сакате од Рајнер.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)