знае (гл.) - колкупати (прил.)

И кој знае колкупати си го поставува истото прашање: - Кој ли го измислил ова зло – убивањето? – дали некој ќе го искорени?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не знам колкупати сум го спомнала, реков. Тоа нема значење.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Ох, само да знаеш колкупати си имам речено: Зошто оние јуначишта ја одминуваа мојата куќа и не заноќуваа кај мене!?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто ја избраа твојата порта!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако ти ја немав посадено јас, зар ќе ја пронајдеше на некој од оние ваши состаноци, не знам колкупати и каде ги имате одржувано!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А што се однесува до совеста на Рајна, можам да потврдам дека таа беше повеќе од совесна додека ја играше својата игра, а беше и сосема свесна за она што го прави.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам колкупати го терав да ми ја кажува оваа приказна татко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој знае колкупати така до смрт дојде, ама не било за тогаш умирањето...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)