знае (гл.) - наш (прид.)

Илија, Коле, Петре, Јане, Ване, Крсте. Ете тоа се имиња што ги знае нашиот народ, а и другите народи си ги имаат и си ги слават, та им доаѓаат дома гости, се веселат, се радуваат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се знае нашето. Еве ти на, што ќе бидеш ти голем човек...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Моите париски домаќини, овдешни долгогодишни работници, кои веќе имаа деца што одат на училиште, или се веќе подготвени за тоа, велат дека би сакале нивните деца да го знаат нашиот јазик и нашата историја и дека во нивните домови бараат да имаат катче од убавините на родниот крај и да ја слушаат „Билјана платно белеше...“
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со восхит и нова надеж го напуштаме овој состанок, на кој овластените ѕвезди на нашиот PEN, тие мајстори на вдахновениот консензус, му покажаа на Енценсбергер дека Запад површински размислува, а дека Србите длабински си вообразуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нека знае нашиот гостин дека отсекогаш сме биле земја на длабоки бездни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој ни помагаше да откриваме дека во животот можат да се научат и многу други нешта освен за кои знаеше и можеше да знае нашето село.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
ПАРАСКЕВА: Од каде го знаеш нашево семејство?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас знам дека нема на светов роден од жена што не ја знае нашата сила и што не се плаши од неа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И ете, јас го започнав.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Првите мои чекори беа сврзани со основаното од нас списание “Сатирикон” и јас досега го сакам како сопствено дете, тоа прекрасно, весело списание. (Годишна претплата 6 рубли, полугодишна - 3 рубли.) Неговиот успех напола беше мој успех, јас сега со гордост можам да речам дека редок е културниот човек кој не го знае нашиот “Сатирикон” (годишно 6 рубли, полугодишно 3 рубли.) Но, на ова место јас � приоѓам на најдоцната, најблиска ера и нема да речам, но секој ќе сфати зашто јас на ова место смолкнувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)