знае (гл.) - колкав (прид.)

— Ете, нивичките ни се подгоени од лани — оломнани; па и тајфата не оти господ знае колкава ни е та да нема шо да работиме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Немав кој знае колкава инспирација да се вратам во Скопје, затоа што знаев што ме чека таму.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Да знаеш колкав е! - продолжи Саво. - Не го собира низ вратата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Патот до топлото одајче на тетка Асја имаше три скали, така таа го нарекуваше посредувањето со оние кои точно знаеја кои се тие три скали и, што беше особено важно, знаеја колкава е цената за да се минат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На касапите од тоа малку им олеснува, зашто и тие знаат колкав грев е да се убие нешто толку убаво. Почнува егзекуцијата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кутрата Ели, кој знае колкава потреба чувствуваше да се приближи кон некоја жена што ќе ѝ биде мајка, зашто мајка немаше, а јас, секако, многу малку можев да застанам на тоа место.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Семоќни волшебници со змиски очи се спогодиле да ги состават овие луѓе во мачната и тешка илјада деветстотини и дванаесетта година, во која не се знае колкав ќе е откупот на поразените ни колкава ќе е и каква награда за оние што ќе слават.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— На здравје, велам, па јас не сум знаела колкав непријател сум била.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаеш колкава е радоста кај оние што ја очекуваат!“ „Кого?“, прашав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ние бевме уште мали со Мирчета не знам колкави бевме, леба ми, јас дали имав единаесет, дванаесет години, а Мирче беше помал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога само би знаел колкава е разликата помеѓу мене и тебе, сега, овде и на овој крај!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)