знае (гл.) - во (предл.)

Но, едно, тоа може само да ми се чини и друго, не знам во што била разликата кога и така и така сево ова е големо ѕенѕање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Да, знам во што е проблемот!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ох, тој не знае во што е неговата грешка!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И така, откако ги погодив сите раскопани сегменти на асфалтот (бидејќи, знаете во Скопје не се градеше волку ни после земјотресот, и нееее, не ми беше намерата со ова да го пофалам сегашниот градоначалник), по синдромот на Кнез Мишкин, кога пазите нешто да не нацапате, неизбежно го нацапувате, или да ја преформулирам реченицава за да звучи пооптимистички: ... и така, испречувајќи им се на патот на неколку веќепостоечки вирчиња со вода или можеби беше масло од автомобили, не знам, кои одамна си беа заземале место на паркингот пред канцеларијата, конечно, стигнав на работа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Го гледав и не знаев во моментот што да го прашам, повеќе чудејќи се на неговиот изглед.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Онде пак кога говори за една Франција или Германија, за Турција или Амстердам, Никола Кирков знае во овае ера на вистински поплави од информации, да избере тема која се наложува со нејзината автентичност и значење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Така рабинот веруваше дека градот според кој е именувана неговата синагога, не е нужно да го познава од лично искуство, дури веруваше дека подобро го знае во неговата дијахрониска и внатрешна димензија од списите што ги наоѓаше во својата и во другите библиотеки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Да. Но не знаат во што е работата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ако нешто знаеме во ова време, знаеме дека утре ќе ни пукаат главите и ќе пекаме за капка расолница.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Толку поарно што каурите не ќе знаат во кој правец се движи потерата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но Толевци останаа во племната до сонце огревање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не се знае во која мера Борхес со својата “Историја на бесчастието” влијаел врз сродните појави во британската уметност, но најдиректниот пример за големата англиска декаденција се наоѓа во жолтата книга, која ја следи и филмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Големи ретроспективни изложби во Германија: Минхен, Бремен и во Швајцарија: Мартини. 1991 - 1992 Три значајни ретроспективни изложби: Фиренца, Виена, Рим... превод: Павел Попов 208 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За да ја заведе својата невеста до местото каде што работеле ѕидарите, тој се преправал дека бурмата му паднала таму и, кога таа застанала таму и нејзината сенка паднала врз темелот, ѕидарите бргу ставиле малтер и го размачкале и врз него го ставиле бетонскиот блок, знаејќи во своите срца дека тоа е фатално за нејзиното живо тело, исто како да ја заѕидале жива.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Откако се знае во царството наше за одајата кобна (за која голтка знаење ви преподадов веќе, о жедни), со ин и неразјаснет запис, и откако таа одаја и записот се поврзуваат со проклетството кое го било царството и најдобрите колена во родот негов, се знае: додека не се разбере што говори записот, каква ука дава, нема да има мир и спокојство, и проклетството ќе виси над градот и царството наше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неотпорот понекогаш и мене ме зафаќаше, ме тркалаше по кривата нерамна калдрма кон широчината, чиниш ќе ме искрши од слепиот ѕид ишаран од раката на инспекторовиот син со зборови што не требаше да ги знае во своите години.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Знаеше во текот на претставата вешто да ја извози публиката на патешествие со многу такви пресврти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Знаеме во која насока да одиме, но не можеме да најдеме патека што би нѐ однела до таму. Сѐ е нива.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сакав да ѝ помогнам, иако не знаев во што е работата, но, како да ѝ пристапам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Рајнер ги праша дали можеби знаат во која од куќичките живее жена по име Гертруда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ах,“ рече доктор Гете, „карневалот не е преоблекување, туку престорување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно од децата покажа на куќарката зад чии прозорци, наместо завеси, беа спружени алишта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Едноставно не знам во што да се преоблечам,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога завидливецот го видел филмот „Старата мелница“ во кој имало многу птици, рекол: „Знам во што е работата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Гледав кон отворената врата, домаќинката знаеше во што.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја стегал, во нејзиното месо ја давел сета скомињава невола на денот; знаел во гневноста што треба да стори, како да ја изврти и како да ја дочека на себе од пад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што нам господ ни дал, ние вам. Како се викаш, синко?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се тргнала. Нејзината младост можела да стане сенка на друга младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Е, гледаш! И јас знам во која училница се премести учителката Милица“ - рече тетка Стана, ја фати за рака, ја поведе во училишната зграда, ја водеше долж ходникот - сѐ до шестата врата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сѐ почесто знаеше по цели часови да остане на прозорецот и да ги гледа снежинките, не мислејќи притоа на ништо друго, а потоа ја дофаќаше книгата со народни приказни и којзнае по кој пат се занесуваше во тие долги и познати творби, секогаш повтор откривајќи во нив по нешто ново, што не го знаел во таа книга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, тоа е долга приказна и веројатно ќе ти ја раскаже Рада, бидејќи ја знае во детали.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А бе, знаат во Турција, чуле и тие дека во нашава држава жените се „поштени“!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го редеше Атанас сиот сој Дамчески, од кој, откако се знае во Потковицата за Дамческите, толкумина паднаа за жална Македонија; го редеше Атанас татка си свој, Ѓорета Дамчески, кој, одејќи по патиштата на дедовците и стриковците, и по патиштата на татка си Блажета Дамчески, уште, од младешки години окапа по затвори, за истата таа Македонија, а таа, кога се ослободи и кога тој им беше најпотребен на децата, на жената и на имотот, го затвори; ја редеше Атанас мајка си Илинка Дамческа, на која, при жив маж, ѝ помина животот како на вдовица, во црнина, ги редеше Атанас браќата свои, кои при жив татко беа небаре сираци, потурнати, а кога зеде да ги реди сестрите, Милица и Милјана, е, тогаш - на сите кои го слушаа им препукнаа срцата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мажите рекоа Тпвуу, `бати животот и со голите петици ги нагнетија плуканиците во земјата, а жените и чупите, ги симнаа шамиите, ги распуштија косите и зедоа и тие да редат заедно со Атанаса, зашто тоа што се случи со чупите Ѓореви, со Милица и Милјана, е најжалосното нешто што може да му се случи на родител, на брат, на ближен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- му пресекол зборот детето, - знам: татко ми кажвеше, оту во тоа време, кога еднош поминвеле по неја царските камили, тоарени со хазна, како по мост, тој се скрил н'тре во крастајцата и кога поминвеле камилите, се растресол еднош, мостот се разнишал и камилите паднале во јазов, та се удајле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ее - рекло ќосето - ами брашното ето, не глеаш, го туривме во казанов!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Водејнците биле многу, наредени една по друга, та детето, од страх да не влезит во ќосеата водејнца, се џарело и не знаело во која водејнца да влезит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Да не сум и јас мртов, мајката? Ништо не се знае во ова страшилиште.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами, како дошол, браче Јоне, вели Уља, кога ние го знаеме во Америка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ми се чинеше убаво, можно, каков идиот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Следните денови им телефонираше по азбучен ред на сите што ги знаеше во Барселона.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И ништо не знае, како пион во партија дама што ја завршува партијата, а не ни насетува. Пионот Луис Марија, покрај својата кралица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се сеќавам дека еден ден помислив: „Таму ме тепаат, таму снегот ми влегува во чевлите и ова го знам во моментот додека ми се случува таму, јас истовремено знам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
30 јануари Сиротиот Луис Марија, каков идиот што се жени со мене. Не знае во што се впушта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По два месеца, Марија сè уште се немаше навикнато на животот во санаториумот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знам во кој век и ден, во кожата на некој друг, сме ја доживелае или сме ја слушале прикаската за ковчегот на ветропирестиот Демофонт што му го подарила жена му на Филида да го отвори по една година од неговото одење на Кипар: кога ќе ја изгубиш надежта дека ќе ми се вратиш, ѕирни во него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Барем да се знае во просек.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Збунето реков: - Не знам во кој дел на светот се наоѓа рудникот на Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Тогаш кој? Од пазуви или некој џеб зад брадата Водомар извлече кристална тегличка и ми ја покажа. - Што е тоа – скакулец? – прашав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Знам во што е работата, рече. Веќе тоа сум го видел еднаш.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
БРАТОТ ГО ПРЕПОЗНА КИЛИМЧЕТО НА ЗАГИНАТИОТ ТРАЈЧЕ
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имавме движење за Богомила, цел ден и цела ноќ пешачевме, не знам во колку часот стигнавме во селото и почнавме да тропаме по вратите да ни отворат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Партискиот интелектуалец знае во кој правец треба да бидат преуредени неговите сеќавања; тој, според тоа, знае дека ја изигрува стварноста; но применувајќи ја двомислата, тој исто така се уверува себеси дека стварноста не е повредена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не можеше да се сети што се случи, но знаеше во сонот дека на некој начин животите на мајка му и на сестра му беа жртвувани за неговиот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што точно се случува во никогаш невидениот лавиринт до кој водеа пневматските цевки, не знаеше во детали, но знаеше во општи рамки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти совршено добро знаеш во што е проблемот со тебе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ти си презаситен од слобода?!“ ме праша или можеби ми кажа нешто, не знаев во тој миг што сакаше да ми каже, ниту знаев што јас да и речам додека го чувствував нејзиниот показалец како ми минува по средината на челото, бавно спуштајќи се по работ на носот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Луѓето спијат за убаво да сонуваат Тешко е да се биде буден, знам Во овој живот заблуди од ден на ден Секој си заминува страден – зарем не?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Од каде можеше судијата да знае во какви услови беше доведена во семејството на тој нејзин маж?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
4. Ноќе да се чекори тихум муграта додека огрева отсекаде Сѐ од извор еден што потечува и утока една сал знае Во невиделото на темниот молк сѐ е кон сѐ затворено и сите страни на светот во една точка на копнежот се збрале на сонцето денот да му го понадат Шумата само чекорите на живинката ги познава и крилата вишно што се будат лазурот небесен го симињаат во пастелот на ведрата биднина Часот е тоа кога се живее и пее во мракот на успаните гори на високо Градите тишината ги полни со говор нов на утрото Гороцвеќе и божила му даруваат веќе на гласот со грстови што се истура во пристанот во чеканиот под гнездото на будната трепетлика
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Причината е во тоа што... поради тоа што... затоа што... ха, да ме ебеш ако знам во што е причината!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И такви какви што бевме, умеевме со радост да гледаме како изгрева сонцето и да ги разликуваме сите мени на утринските бои; умеевме со восхит и страст да му се радуваме на сончевиот зрак што преку цепнатинките на бараките се разигруваше на ѕидот; знаевме во него да гледаме се додека го снемаше, да гледаме во молк и исполнети со надежни мисли; знаевме во свежите зори да го слушаме ведриот пој на птиците; знаевме до зачудување да се загледуваме во чашките на расцутените цвеќиња, во кои проигруваше пчела, во килимот на зелената трева и до бесконечност да го следиме облачето заскитано на синото небо...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Не знам во која од овие светулки е душата на син ми што загина во војната”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тогаш мислев дека проблемот е во нив, но сега мислам дека знам во што била работата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакав да му кажам кога ќе си легнеме, но се премислив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Господине, Би ми било тешко сега да се сетам на пасажот, зашто не знам во која од вашите три книги се наоѓа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа тогаш се обидува да ви го објасни тоа што не може ниеден друг збор да го изрази, додека вашиот татко го слуша разговорот без да се вклучи во него...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Книгите на вашиот татко, клучевите и огледалото на вашата мајка се здобиле во извесна смисла со жива душа со оглед на вредноста што овие книги, овие клучеви и ова огледало ја имале за нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Па, колку што јас можам да сфатам, луѓето кои ги знам во основа не ја сакаат и никогаш не ја сакале авангардната музика и знам многу луѓе... разговарав со нив и им ги свирев тие работи, но поголемиот дел од нив не беа заинтересирани; а тоа се повеќето од луѓето кои ги познавам.  К: Не, но тоа не е така и во останатите видови од нивниот живот: да речеме во она што го јадат и останатото?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Потоа ровот почна да кршка и веќе не знаеја во кој правец одат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Толку чудесно се усогласија што во хотелската соба се вратија по затворањето на ресторанот, ни едниот ни другиот не знаеа кога заспале и кога, кој знае во колку часот се разбудија, продолжија да водат љубов така што го пропуштија појадокот и од собата излегоа дури околу еден попладне, кога сериозно огладнеа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Борците скокаат и се фаќаат за оружје. Готови се да пукаат, ама не знаат во кого.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште не знам во што народ сум влегла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знае во кој џеб, во која пазува да ги скрие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Него никој не го знаел во Солун и затоа бил најпогодно лице за таа деликатна работа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа било разбирливо кога се знае во каков хаос го фрлиле гемиџиите градот со своите бомби, кога никој не знаел точно што се случува, а властите, секогаш наклонети да ја кријат или изопачуваат вистината, давале информации што често биле сосем спротивни на вистинската положба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Љубе добива нервни напади поради тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега „ја имам”, си мислам, но и нешто друго ми пролетува низ главата: од каде таа знае во кој момент како сакам да се однесува?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За тие што му се најомилени знае во детали сè за нивниот живот и не може да се случи да не оди на концерт на таква музика, или да пропушти емисија на телевизија со нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)