Има една кревалка пердув лесна и памук мека која крева само со медени допири и благи погледи која наизуст ја знае тајната на цутењето на сите цветови и која од безумието прави поднослива болка.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Човештвото сега нема потреба да ја знае тајната што јас ја открив зашто сите се веќе таму, односно тука каде што сум јас.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Дали ги знаат тајните места?
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
За едно нешто сум сигурен. Ќе биде грешка ако тој дознае дека ние му ја знаеме тајната.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А да ја знаеш тајната и да ја криеш голема неволја ќе си навлечеш на врат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Го обележува оној што суди како човек однатре, како упатен во знаењето, како некој што ја знае тајната на кампот, како некој што е веќе инициран во круговите на заедничкото восприемање и на заедничкиот вкус по кои се издвојуваат оние што се во состојба да го распознаат кампот и преку кои меѓу таквите луѓе се создава мрежа на меѓусебно разбирање и меѓусебен дослух.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И тие имаат желби и мераци, и тие знаат тајни за печење леб со паричка, ама нивната судбина се вика полни очи – празни раце.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Само тој би можел да ги знае тајните коти на пристигнувањето на другиот брег на надежта.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ни чуварите, ни дворјанките
нити сите кралеви не, магите само
ѕвездочатци ја знаеле тајната
за нивната неприродна кроткост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)