знае (гл.) - причина (имн.)

Трагедијата, забележа тој, му припаѓа на старото време, на едно време во кое сѐ уште имаше приватност, љубов и пријателство и кога членовите на едно семејство се поддржуваа меѓу себе без потреба да ја знаат причината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас молчам. Ги знам причините за изнесените понуди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не станува збор за некоја посебна загриженост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не ја знам причината а сепак сум сигурен дека тој се одредил за најдоброто од она што му било понудено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Оние кои сами го вршат изборот, секогаш имаат право - го слушнав шепотењето на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но учителот не продолжува. Ја знаеше причината: Коле е бистар и бргу сфаќа, но нередовноста доста му пречи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
– Животните, кога им се ближи смртта – рекол тогаш Чанга – ја бараат темнината. – Не ја знам причината – се сеќава татко ми на својот одговор – но човек кога му се ближи смртта, бара светлина, уште зрачец, небаре за да понесе светлина во темнината, во смртта! – Зошто ли е така? – бил упорен Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Инаку, не ги знам причините, но тој генерал мене многу ме потсетуваше на татко ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да беа многу блиски роднини, а можеби и браќа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ете, и сега не ја знам причината, но кога се појави Аксја Рајна ми истрча од мислите, и веќе цел ден потоа не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)