знае (гл.) - почеток (имн.)

Сите имаме моќ на илузионисти, магионичари, енергија сами да го креираме животот, имаме бои црвени, жолти, зелени, сини, со милиони нијанси.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имаше потреба, не толку можеби да ми каже сѐ што е лошо во врска со семејството Поцо, колку дека ги знае минатите настани и луѓето што учествувале во тие настани; дека го знае почетокот на настаните и дека го знае нивниот крај; дека никој не знае подобро и повеќе од него. Тоа, впрочем, беше и точно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Би било добро да го знам почетокот, коренот, темелите кога веќе неможам да го знам крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)