знае (гл.) - закон (имн.)

Шефот го виде тоа и го прекина својот потчинет: – Во ова семејство добро ги знаат законите. Помини на прашањата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со неа и на неа си умре Сане Сандин, што од јад што од глад, на наши очи, без пензија, зашто не плаќал пензиско ни во српско, ни во бугарско, ни во наше време, зашто не го знаел законот Сане Сандин, наречен Сане Амалино.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)