Ако човек не знае чија е нивата, се чуди и се дума како одат оние снопови сами и сами се прават капици.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Така е, така! - пламна Даме. - Ние никаква помош од бугарскиот двор не примаме.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Не е така! - рече Гоце. - Тоа не е вистина! Јас знам чие е тоа масло!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Кој знае чие ќе ти подметнат. Ти си одлепил сто насто.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Толку ми е непријатно поради неговиот бел гол газ положен пред мене како погача на софра врз гроб кој знае чиј.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Еба си им кучката да им ја ебам. Тие знаеја чија е државата!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И пак не можев да откријам чиј глас слушам. Прашав со кого зборам.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во тој миг не знае чиј глас е тоа и кој ми ги прифатил мислите.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Трчам низ чекалницата затната со народ: не знаеш чии нозе од чија глава се.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Утрото веќе знам чија била ногата: пред сите станал човекот и избегал на работа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но во еден залет треба да ја прескокнам огромната далечина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Требало да ја совладам далечинава зашто само така можело да се надвладее чувството на празнина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не знам чиј е гласот но тоа се зборови за празнината што зинала помеѓу моето вчера и она далечно утре заминато (не знам зошто) во некој друг дел од далечината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа бил единствениот начин за да втасам во моето далечно утре.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„А пушкава, чија е?“ „Ние никогаш не сме имале пушки“, со притаен глас рече Онисифор Проказник но веќе сите знаевме чија била таа пушка и чија била пак по смртта на вистинскиот стопан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Кога шејтанот го споменува името на мојот алах, ќе се тркалаат глави. Прашав за Сафет-бег. Го познавате ли?“ Молчевме.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Точно. – упадна куклата – убавица – Го чув гласот, но не знаев чиј е.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„Не знам чиј изум е гревот! На мачката или на песот, но само заповедај, Елено, ќе го носам на највидно место!“
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Знаев чија е тетратката. И мнозина запишани знаев. Ама тоа не се кажува.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сиот премалев. Капка плунка немав во устата. Што да речам?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
ВТОРО - сите оние што ги знаеш тука запишани.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Враќајќи ми го накитот, мојот пријател малку се замисли и додаде: – Јас знам чија е оваа обетка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не послушала. Судејќи по извештаите во весниците, откинати ѝ се обетките, одземен ѝ е прстенот од раката и еден прстен од ногата, сè насилно и набрзина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Па и тоа да бевме, пак ќе знаевме чиј сме, ќе си го знаевме стопанот, му велам, се дерам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кажува само ако знаеш чија е, ако го знаеш човекот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)