знае (гл.) - сиот (зам.)

Како би можел јас да ги знам сиве овие работи за тебе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Јас го знаев сето тоа и свесно прифатив да бидам жртва.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Та јас го знам сето тоа. Го знам дури и подобро од вас. И останувам. Сакам да останам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тој го сака, го знае сето она од што е поезијата, изворите на животот на битието.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе речете од каде го знам сето ова. Сѐ се знае.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се воздржуваше... колку и да беше силна Партијата и власта, си беа поврзани, роднински, пријателски, кумовски, сватовски и со други односи. Не отстапуваа лесно од овие врски. Јагулче добро го знаеше сето тоа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)