Во Русија реакциите беа понаивни, луѓето се „запалија“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Жената: Добро бе, Дики, кога ќе се жениш?!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кога сега би имал деца нема да знаат каков си бил кога си имал коса!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На Запад не успеав да привлечам кој знае какво внимание. ÂÂ Дали сте подготвен да ја поднесете сета одговорност, па и онаа драстична? ÂÂ Јас сум слаба личност, но кога нешто е важно за мене сигурно ќе го направам тоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Нешто сакаа сите да навестат НОВИНА... ама никој не знаеше каква. Блажина сети во утробата Невена.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Но кутрата не знае какви опасности ја демнат во планината, каков волчји поредок владее таму.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Бевме тажни, претажни заради нашата Сталинка, не знаевме каква мака ја мачи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Му велам: - Не знам какво доживување е да лижеш парче железо!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Имам непријатно чувство, едно, што не му излегов во пресрет на претседателот зашто тоа божем била една важна општествена работа, не знам каква но важна и, друго, што не знам дали Сатирот ми го стори тоа или ќе ми го стореше.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Свеска ми знае каква долга пловидба ја чека со мене.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А ова копаш, слегуваш, а не знаеш до каде, ниту знаеш каков ќе биде резултатот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но каква акција? Јас сега знам каква.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не знам каков инструмент беше тоа, ама чинам дека беше игла за плетење чорапи.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Нека ми прости Господ (ако не сум кој знае каков верник) ама син му во Канада се помести од умот, ги исплати гревовите на татко му!...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Чудно е тоа ако се знае каква е Белгија по природните убавини и на оние што ги има Македонија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Беше поставен помеѓу налозите на окупаторските сили и сѐ поголемите потреби на населението.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Господ нека ни е на помош”, помислуваше Лука Карер, не знаејќи каква улога ова јонско копно ќе игра во плановите на завојуваните страни.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во ателјето, на објекти, големите врати се затворени, а ние се наоѓаме долу, во рудникот за јаглен: не знаеме какво е времето надвор.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Оваа постапка постигна врв во Јаже (1948), во кој нема резови; може да се каже дека целиот филм, поради постојаното движење на камерата, е еден единствен долг кадар (Составен е, всушност, од осум кадри по десет минути - еден кадар за секој колут).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Јас ти посакувам само со олку да поминеш, ама сфати сериозно и оди право дома да легнеш.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
На родителите кажи им дека си добил инјекција тетанус, тие знаат каква храна можеш да јадеш. Не ти е првпат.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Така бркани од силниот аскер членовите на востаничкиот штаб — Сарафов, Гарванов, Тале поп Христов, Лука Џеров (без Дамета), со стотина свои истоштени четници, — седеа еден ден под широките ели на Копанките, под самиот врв Кајмакчалан, длабоко замислени, не знаејќи какви мерки да преземат барем нивните глави да ги довардат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Аскерот ни иде по трагата и бргу ќе нѐ открие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не знам каков е трендот во светот ама знам дека во Македонија постојано расте бројот на зависниците од интернет кои секојдневно се дружат со нивното височество фејсбук и скајп.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ама, кој да знае каква му е намерата?
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Иако не знаевме каква игра е тоа, ние, децата, најмногу го сакавме времето кога во нашата куќа се играше балканскиот покер.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Без нервоза или не знам каква загриженост.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Зашто и двајцата работеа сега - жената дипломира а за едно палто не требаше баш многу.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Исправен пред нивниот шатор, Грдан се мислеше дали да го спушти крилото за да не ѝ влегува сонцето на Горде внатре, па знаејќи каква спанка е, го затвори шаторот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На едно место, во една своја тетратка, по едно пијанство, од не знам какви причини, сум запишал: Тешко на оној кој знае да чита само затоа што претходно ги изучил сите букви и знаци на јазикот од кој чита; блазе си му на оној кој знае да чита и без претходно да го знае значењето на знаците; само тој вистински чита.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А пак на Боге кој знае какви инструкции ѓаволот му давал?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или, кога би знаел какво било однесувањето и учеството на мајка ми”, и наеднаш, како да го изненади изреченото, а на лицето се појави збунетоста.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Како краен резултат произлегуваше грдото уверување дека се она што го сторив со своето заземање за скапоценостите на Цвета Басотова било всушност последица (или каприц, како што просудија други поединци) од мојата неразумна вљубеност во Басотова. (А се знаело какви недоразбирања создава неразумната љубов).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Инаку зошто ќе доаѓаше кога не сум те викнал?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Признај дека така си велеше, другар Даскалов?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Веројатно имате право – реков. –Но вистина е дека јас постојано бев со помислата оти нешто ми недостига.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„И што мислите, каде водат овие мои размислувања?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Гледаш, батка, се ќе се одвиваше поинаку ако не останале ептен празни и студени оние летни ноќи во плевната на Басотова“, ме исмеваше Боге од Бањи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тргнував од впечатокот дека во вашиот живот, во секидневието, а и со оглед на твоите години, за осаменоста и не постоел кој знае каков простор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури и ти, другар Даскалов, сигурно си имаш речено:"Кој знае какви проповеди му има одржано на Ивана оној Боге!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Еден ден, кога пак останав сам во белата соба, му реков на Роско: - Сакам да знам какво куче си ти.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Нека се прави за да се знае какво зло може човекот да му на направи на човекот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Скоро избегнувавме да се погледнеме право в очи со татко ми, зашто знаевме каква болка ќе откриевме таму, колку неисплакани солзи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- На народецов му се нужни пушконосци и локачи на крвописка крв, не маченици и не знам какви ветроепци, рекол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На челникот му се сторило дека неговата нејака шија е меѓу две јаремски жегла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Обеси се“, му рече Арсо Арнаутче. „Сега остави го Никола Влашки да каже што му е на детево.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Оној што го соблекол кога го тепал ќе знае каква дупка затнал со неговата мантија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Господ знае какво семе 'рти во нас и нѐ тера да ломотиме дека човек спие во пештера прегрнат со мечка како со жена.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најпрвин таа се тргала од него и се лутела што ѝ здодева, не била таа не знам каква секој да ѝ го попречува патот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Дајте му да се облече, рекол Доце Срменков.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но тој знаеше. „Од прикаските за дедо му или дедото на тој дедо навистина се паѓа во гроб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не затоа што тие не заслужуваат доверба... И самите знаете каква личност е Ѓорче.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Да ти кажам право, не се распрашав повеќе, зашто и самиот го знаеш каков е.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Сега можам и знам каков одговор сакаш ТИ! ОДГОВОРОТ Е ДА!!!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
За да, ако посакате да влезете во неа, да влезете во руска православна црква, а не во кој знае каква.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Денес хуморот и добриот стил исчезнуваат и пцостите на местото на шегите се заменуваат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Секој што барем еднаш минал оттука знае какво е задоволството од шетањето по Широк Сокак, не џабе овде минале пешки или со пајтон Султан Хамид, Ататурк, Јосип Броз...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Јас не се лутам: не сум Бог знае каков литератор, напишав повест, не ја печатеа, напишав хумореска, ја откажаа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Таа треба да остане каква што си беше.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ма не, само што кој знае какви сè не гадови длабочински ријат вон светлините на паланечките медиски рефлекторчиња, па затоа овие игри со зборови, не за друго), тотално соголено просташтво за кое гласате.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не знам каков ќе ви беше алот да не бев јас, за некако да го врзам крајот со крајот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ги знаеш какви се за десет гроша човек отепуваат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Зошто знаете какви се Турчиштава, на чиј синор ќе се најде убиениот, тамошните луѓе оддеваат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И сите добро знаат каква ќе биде таа, а Лазор, зашто е уверен дека кога ќе настапи денот и часот, за да му даде задоволување, Костадин него ќе го повика - И уште кого друг, сигурно Атанаса Јанчески?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Грок, Фртелини? Зошто тоа? Знам каков сум бил, знаеш и ти.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој се мачи да им каже нешто, го знам каков живец е човекот, косата му се костреши, ко запци од гребни му се костреши.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да го барам Јон, не знам каков ќе го најдам. Ќе ме напади пред сите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И лета орелот, како што лета орел, високо над дрвјата, над шумата. Знаеш каква е шумата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Писмото не носеше никаков датум ниту се споменуваше местото во кое е напишано. еве ја неговата соджина: Жорес, почитуван пријателе, Не знам каква причина имав да се сетам на тебе во наквечеринава кога низ отворениот прозорецот достаса до мене мирис на диви треви.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Мортенија, за која пред тоа не знаев каква е, не беше ништо друго туку чудовиште од кое и камен ќе се наморничавеше.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Гардистот со зелени заби се поклони пред чудовиштето. Веќе во следниот миг клечеше.- Ова е нов рудар, возвишена господарке.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Вашиот пријател знае каква книга бара...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дури тогаш мајка ми не знаела каков чекор да преземе, што да направи.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Не знам каков абер ќе биде и се сврте на другата страна и продолжи да спие.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Не знам каква улога имаше тука помајка ми, и покрај тоа што ѝ беше татко ми втор маж, таа многу го сакаше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ти барем знаеш каков човек бев јас.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во истиот миг му падна на ум дека не знае каква боја се очите на девојката.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Можеш ли да ми веруваш“, рече, „дека се до овој момент не знаев каква боја ти се очите?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јас не знам што си кажал до сега пред овдешниве, не знам каква улога си ми дал во приказната.“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Татко ѝ би рекол - и тој самиот не знае каква мака го мори.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А народот по апсаните што не знае каква мака ме мори, може ќе биде ќердосан со долг живот и со долго паметење“. „Амин, боже“, рече попот Ставре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
12. КАКОВ СВЕТЕЦ, ТАКОВ ПРАЗНИК - судејќи по празниците што идат кој би знаел какви светци разни очите на пијаниот ќе видат...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Не знам каква лага ил вистина крие Во овија збороj жежок вриеж?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Од каде ќе знае каква сум?... Како изгледам?...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Да има, братко, време кога да се приготви нешчо вечеричка, винце, ракиичка, знаеш каков е нашиот адет. Невеста се води, не е играчка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се знае какви. – Па ти тогаш ништо не ми рече за сево ова.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Ех, само Севишниот ќе знае каква иднина ѝ се подготвува на Балканот на нашата Ервехе!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Само Севишниот знае какви времиња се вестат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А и јас, вратен од Цариград, знаев каква стапица за нашата иднина можеше да биде патувањето во Италија. – И ти, тогаш, ништо не ми рече за сево ова, мили. – Те љубев, мила, те љубев!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
По неговиот изглед, боја и површина, луѓето знаат каков ќе е денот; ако е матно и разбрането - матен е и денот; ако светло и мирно - мирен е и денот; од неговиот изглед во многу зависи и расположбата на луѓето; ако е тоа весело - и тие; ако е тоа тажно - и тие.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Лекар сум и знам каков е тој сјај во твоите очи кога в кафеана или на театар или каде и да било, има зад мојот грб други за кои мислиш дека подобро се скроени од мене.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Го носам во себе мирисот на болницата како свој крст и не знам какво е тоа име пилот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ние веќе добро знаевме какви несреќи се случиле, ги почувствува семејството врз повеќе грбови.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Не се знаеше каква казна ќе ми одредат?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Оние кои се давеле знаат какво е чувството кога ќе ве дограби раката што ќе ве извлече од зафатот на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа е лудо. Јас не можам да плачам, зашто не знам каква ќе биде иднината, можам да бидам само оптимист.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Морам да прилегнам, зашто не знам каква ќе биде ноќта и како ќе заврши денот...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И верувајте, ама навистина верувајте, јас не знам да возам џипови. Воланот ми се лизга од прсти...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Само тој знае какви тревки и корења треба да се собираат за да му го замрачат умот, за да го доведат до некаква рамнодушност спрема сѐ што се случува околу него, да го оттргнат од луѓето и од грижите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Па јас, возач на десеттонец натоварен со топовски гранати, со илјадници фишеци, со нагазни, рачни противтенковски и што знам какви не други мини и гранати, да возам, да талкам од логор до логор, од болница до болница и да слушам како се лигави некоја заднинска гнида...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога една смрдлива смеса може да има вкус на извонреден шери, од каде знам каков вкус има префинетиот драј шери, или што и да е друго?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Неколкуте минути на тој необичен хипнотички експеримент го продлабочија моето чувство за мистеријата на заемните врски помеѓу физичките дразби и нашето искуство за нив, за вкоренетоста на сетилноста во менталното устројство и рамка, за моќта на социјалната динамика и структура, на нашите лични врски и робувања, да влијаат врз, дури и да ги детерминираат, нашите верувања, мисли, осети, перцепции, чувства, конструкции и однесување, до граница чие определување е невозможно.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Се разбира, не очекував за зет некој гроф, или нешто слично.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„И знаеш што утврдив, мила“, ќе соопшти, како да открива кој знае каква тајна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој сѐ уште не знаеше каква мустра е тој негов можен зет.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Можам да речам дека рафтовите никогаш не биле попразни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не знам каков однос имаш ти кон местово, јас го разбирам како дом.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Инаку: зошто едните се плодни, а другите не раѓаат, зошто едните слабеат, а другите се дебелат, зошто едните се извишуваат, а другите остануваат куси - тоа тешко може човек да го знае; тешко - зошто не знае каква борба се води меѓу нив, меѓу нивните корења - долу под земјата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Селаните, гледајќи ја сликата, велеа: ”И луѓето се како нив...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И само ние двајцата си знаеме какви брзаци ни течат низ душите додека пред разделба по цел ден зјапаме во мостовите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Вешто едрење низ животот со насмевка која сѐ уште ми лебди на усните, полна со немир да го дознаам крајот на мојата приказна, но има уште многу што да се проживее пред да знам каков ќе биде крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не можам ни да го предвидам, во телово и душава ја чувствувам паниката која ме окупира, епицентарот на случувањата се менува со секоја нова бура од натприродни настани.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И му рекл татко му: „Чедо, нам требува да земеме девојка на наша прилика, а ти сакаш неја — не салт што е без руки, ами Бог знае каква е некоја сељанка и за кој кабахат ѝ отсекли руките Това ќе да ни е на срам.“
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
„Едно треба да ти е јасно: и во ваква неповолна ситуација граѓаните имаат право да знаат каков воздух дишат, навреме да бидат предупредени за можни опасности или последици од прекумерно аерозагадување.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ако бев одличен, не знам каков критериум имаат наставниците тука...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ми помина половина живот во клозет. Не знаете каква е таа мака.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Типичен експонент беше Вајлд, кој ја порекна сета моралност, но умре за она во што веруваше, за моралноста.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Не знаеме какви ефекти ќе има нашата работа врз Кинезите, што ќе чувствуваат тие пред неа.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Знаете каква може да биде ноќта без свеќи, без сијалици, мапи, распореди.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За вакви работи не зборуваме. чао, бебе. Чао.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Далтон секој ден вели дека ќе компонира песни додека таа е излезена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во нашата куќа беше сместен некаков штаб. Не знам каков.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Штом се појави на вратата, веднаш ми стна јасно дека немал кој знае каков тежок ден.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Го премерив Абраш и забележав дека, освен што е за половина глава повисок од мене, нема кој знае какви мускули.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Сакаш да дојдеш со мене? - праша, божем рамнодушно, а знае каква радост ќе предизвика кај мене со таквиот предлог.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Таа му била секретарка или кој знае што лајно таму во Охрид на директорот на некоја фабрика за машински делови. Ама знаеш каква џадија... И сега косата ми станува...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пела со восхит зборуваше за учителката, за неа таа била друга Богородица, сите дечиња за неа биле деца мои, исто како што ги нарекуваат нивните мајки, ја слуша и открива дека гласчето ѝ е милозвучно, лицето насмеано и мило, а тој само понекогаш ќе речеше дека не знае каква е неговата учителка, дека за тоа и тоа тие досега не зборувале, или дека нему подобро му е крај големата река отколку да оди на училиште.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Јас уште не знам каква болест е тоа, ама веќе наголемо слушам и гледам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас, знаев какви глупости правел во минатото со манекенките, се задолжувал за да им плаќа престој во хотели, јадење и други глупости.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ми беше малку срам, незгодно, зошто не знаев какви луѓе се и за што треба да правам муабет.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Само јас знам каква горчина имав во стомакот, една грутка отров се качи во грлото и тука застана.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Подоцна отидовме со такси до диското и чекавме да нѐ внесат, како да сме некои кој знае какви познати Вип фаци.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тој не знаел какво нешто е очајанието.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Улогите биле поделени, секој точно знаел каква била неговата задача во определеното време за акција.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)