зине (гл.) - бре (изв.)

МИТРЕ: Ќешќе за тоа да е, како срма му се! Зини бре, Анѓеле!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ми доаѓа на таквите да им речам, што сте зинале бре, што има толку интересно да се гледа на мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама не велам, оти тоа би звучело многу невоспитано, па си молчам и одвај чекам да ме остават на мира, да си влезам во мојата соба и да застанам пред големото огледало што ми е крај креветот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)