После го крмеше своето немирно срнче и го тешеше да не ги зема толку присрце оние завивања, сѐ додека не се смиреа и не заспиеја.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во моменти се тешеа, белким тој нема да ја земе толку сериозно нивната буна, како татко му.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Коњ и јавач, кентавр со една и иста врела крв, двогрелн винопиец, пресилен за волк, за молња и за времето кое не можело да им земе толку колку што им земало на старците и на ислужените дрводелски и ќумурџиски коњи и маски.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Никого не обвинува, ни Господ што ја зеде толку млада, ни татко кој веројатно можеше повеќе да стори освен таа една доза пеницилин од Америка, а не верувам ни мене дека ме обвинува од што немав доволно време за повеќе да ѝ се посветам.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Петрович во овој случај не пропушти да каже дека тој само онака, зашто живее без фирма и во мала уличка, и згора дека го познавал одамна Акакиј Акакиевич, па поради тоа му зел толку ефтино; а дека на Невски проспект само за шиењето ќе му земеле седумдесет и пет рубли.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)