Рангел излезе, со качкет намолкнат дури до уши, го зеде подрака Коча, и двајцата тргнаа в село.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Ах, ах... - плачеше Методија. Илко го крена, го зеде подрака да го носи дома му и слушајќи го каде што издивнува, му рече на Богуле: - Го разбирам дека му е жал...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Гого само за кратко се поврати, присобра последни сили и на закопот, откако тргнаа од капелата по ковчегот кон гробот, ја зедоа подрака, тој и Гоце, жена му, а мајката која веќе беше лесна како сенка макар што се сопнуваше на секој чекор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Меѓутоа, не би се рекло спротивно туку само покрај договореното, врската го зеде подрака и го поведе во насока без врска, како на пример кон паркот или кон корзото.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)