земе (гл.) - повеќе (прил.)

— Кој? Јас вам ќе ви земам појќе од колку што чини. Аир да не стори госпо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Единствено се молеа небесата да се расчисти, како, нивниот лидер би можел да земе повеќе воздух.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Некои не се воздржуваа да земат повеќе јадење, за под перница, зашто кој знае, можеби ќе снема, како што се случувало во партизани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа Германците го имаат измислено за да ни земаат повеќе пари (Петрович сакаше да ги боцне Германците во секој згоден случај); а што се однесува до шинелот, изгледа, ќе мора да си направите нов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, веднаш забележав дека таксистот не се движи така како што е нормално, туку заобиколуваше низ разни улици и си помислив дека ја користи ситуацијата дека не сме тукашни па нѐ вози по заобиколен пат за да може да земе повеќе франци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
-Е пукни сега, господе, викам, викам, што ќе ми земеш повеќе: опинциве, болвиве, што, викам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)