Откако го испи со Мајка утринскиот чај на чардакот, Татко го облече единствениот костум што го имаше, стави излитена вратоврска и ја зеде црната паларија, со новата кордела, која јасно контрастираше со капата, ја зеде старата чанта, донесена од Цариград и носена низ неколку режими, излезе од дома упатувајќи се кон куќата на Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За чудо, не ја зеде црната, излитена службеничка чанта со која секогаш одеше на работа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)