Таму го затекнавме Тимотеј, чесниот верник и следбеник на Исуса, кој, откако се обрежа, го зедов при себе, та заедно учејќи ги верните христијани на она што бевме го договориле со другите апостоли и старешини во Ерусалим, продолживме низ Фригија и Галатија, славејќи го името Божје и јакнејќи ја црквата Негова на земјата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А основни генералии, секако, мојата секретарка ќе им земе при прием на листа на чекање, па ако треба и ќе постојам пред капија, да чујам се караат ли дење, офкаат ли ноќе, тепаат ли деца и како им се насадени овошките низ дворот, па кога ќе дојдат на ред, од врата ќе паднам во транс: „Имаш дуња во дворот или воденики на балкон“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)