Сега, како да се најде повторно во истиот транс од младоста, кога беше во разбранетиот Цариград, обземен од големата мисла дали, по завршувањето на отоманското право, да остане на Исток, да го земе семејството, па да се слее во новите млади Ататуркови ешалони, како и бројни негови сонародници и блиски, или да се врати на Балканот, да остане со своите, да ја продолжи татковата меланхолија, со надежите дека ќе замине, но верен на инстинктот на останувањето.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)