„Соколе, земи ме бегалка - како да му вели таа - сега веднаш, зашто утре ќе биде доцна”.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Па ако мислиш да бегаш некаде, земи ме и мене.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Во ред е, малечка. Само дојди тука. Земи ме за рака. превод: АБА okno.mk | Margina #3 [1994] 47
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
О, крилат коњу, растрепери со твојата црна грива, земи ме, сону, рашири крилја ...во мракот!
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
– „Аман, оче дуовниче, те молам, земи ме и мене со тебе на аџилак, за да се сторам и јас еден аџија, да и да умрам да не жалам“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ме сакаш и мене? Овде? Земи ме.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
И сега земете ме ако ви чинам, штом до тоа ме доведовте: тело во рани, снеможено од болка, недостоен дури и да умрам...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сите илјади и уште триста илјади играчки, што врвулат таму далеку зад нив, поклонувајќи се, канеа со насолзени очи: - Еве сум, земи ме, колку сакаш, играј ме....
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Повеќето играчки, така живи, или само навиени, растрчуваат, се растрчуваат трупатурно, стрмоглавечки, молејќи го белобрадиот дојденик со тажни гласови и со навирени очи: - Земи ме, земи ме!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„И јас ќе појдам“ се јави брат ѝ. „Дадо земи ме!
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Јас сакам вода
и водата сака мене
нашата љубов е взаемна
ѝ земам
ме зема.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ајде, ќе им велам, порачајте ме и земете ме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Земи ме барем и мене, викам, за да немаш повеќе работа кај мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Земи ме, викам, да не се вејам како суво дрво, како вејавица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)