— Значит, петстотини ако дадат ќе оставиме да носат главите до кајмакамот, ако не нека одат кај Петре нивни, — беше последниот збор на бегот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ако не дадат, жими вера, пак ќе врзиме ортомите каде вчера и вистински ќе обесиме, — го прифати предлогот и јузбашијата, кој му се виде некако несправедлив; бегот да земе триста а тој двесте лири, но од друга страна и редот си е таков.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)