Една Лидија што е голема до моево колено и што има очи како џамлии. (Само не брзајте, ќе ја запознаете и ќе ви се здодее од неа.)
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Дечко ми живее кај мене речиси два месеци. Малку ми здодеа од него. Заедно сме по дваесет и четири часа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И еден ден, кога му здодеа од чекање, Баге тргна со него - требаше нешто да стори со себе, да преземе некој чекор, зашто немаше повеќе никој да го поттурне ни напред ни назад, ни угоре ни удолу.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ќе издржиме до купоните и платата од идниот месец... – На децата им здодеа од питите, јуфките... од брашното со вода... децата, пуста јас, со месеци не вкусиле млеко – продолжи мајка ми загрижено.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- А јагоди ќе береме ли? - праша Елена. - Ќе ти се здодее од нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)