здогледа (гл.) - свој (прид.)

Но Татко, од прозорецот на својата нова работна просторија, го забележа како се оддалечува од Архивот гледајќи час напред час назад, небаре ќе го здогледа својот пријател.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
V Господи Од пепелва на моево царство Народи мажи и сиромаштија. Прилега ним да им принесеш барем камен Со него да се хранат и да израснат Високо високо До откај почнува да се симиња Царството твое надолу Од тамо да го здогледаат Своето кој знае кое колено Што им недостасува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ја здогледа својата лика во длабочината на огледалото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сети како по лицето му се прелеа една насмевка, која што не беше во состојба да си ја исчисти ни во своите очи од таа притаеност, кога го здогледа своето срнче, исправено на оние свои ноженца до самото негово зглавје, сигурно веќе одамна очекувајќи го неговото будење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека секавиците прават ден во одајчето и таа може убаво да го здогледа своето девојче како мирно и слатко си спие, таа во себе си вели Нели еднаш ѝ простив на Мајката над Мајките?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Немаа крилја, но имаа силни раце и цврсти рамена за да пренесуваат ранети и да носат на врв рид сандаци со муниција и долги букови трупци за градење бункери и силни дланки за држење лопати и казми за да копаат ровови и од таму, од врвовите, гледајќи во далнината им се чинеше дека ќе ги здогледаат своите чеда.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога ја отвори вратата, сега без изненадување, го здогледа својот прилично помлад колега Никола Гологанов кој му беше еден од ретките пријатели со кого со предизвик и задоволство ги споделуваше своите либерални сфаќања во текот на децениите на строго контролирано мислење и говорење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога Брчалото уште од мостот ги здогледа своите соселани, подзастана, ги погледа и повеќе за себе, но од срце сочувствително рече: "О, бое!...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Најнапред го здогледа својот сосед Н.С. долу во лозјето токму кај онаа лозница за која одамна му има речено дека за година- две ќе почне да раѓа грозје без семки.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Погледувам надолу и не можам да ги здогледам своите нозе, толку се далеку што ми се измолкнуваат од погледот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)