Во неделниот ден, кога се враќавме од гробиштата, од прозорецот на автобусот случајно го здогледав татко ѝ на Марина и со него истата млада жена, што ме пресретна на вратата. Тој ја водеше под рака.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Потскокнував кога го здогледавме татко ми од далеку како доаѓа, со два сладоледа од автомат, а сите соседи му честитаа: трето, па машко... а ние добивме сестричка! Шерет, тој татко ми, ги зезна сите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кога нè здогледа татко ми, бесно извика: А бре деца, за ништо не ве бидува.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)