Доста слуша натажена, дури се поразлигави малку. Се исекна неколку пати во шамивчето, што му направи голем впечаток на дедот Петка, ги забриша солзите и откако си ја кладе раката пред устата, потпрена на лактот и колената, отвори да зборува не полошо од дедовците: — Море, дејди вујко, дејди родителу.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дождот е благодет. Нека наврне, нека... - зборуваше старецот и изгледаше како веќе да не зборува за луѓето, туку за себе, а и како да беше начисто дека тоа што го зборува не допира до нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
КЛАУС: Забележувам дека јазикот кој го зборувате не е чист српски.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)