зборува (гл.) - тивко (прил.)

Бабата зборуваше тивко, за да не чуе девојчето: - Оти не го забра? Пази боже, ако се запие пак.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А со тоа се лекуваат сите болести. –зборуваше тивко прабаба ми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Мораше да трпиме сѐ, без викање со шепот се разбиравме. – преплашена Невена зборуваше тивко.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со благо допрени дланки на завесата, гледајќи кон улицата, зборуваше тивко, речиси нечујно: „Сакав да бидам некаде, да отпатувам во свет во кој ќе бидам сама со себе, сама во себе. Тоа сакање сега е попусто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А.А. зборуваше тивко, претивко. Жестоко, но отворено.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Имале среќа мајка ти и татко ти, имале среќа, да не останат црни кукавици - си зборуваше тивко, тетка Рајна, сама за себе, притискајќи нѐ до своите скутови.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Зборуваа тивко.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Ме убива провевов, зимава, ѕидовиве...“ продолжи да си зборува тивко, нерасположено, со старечко негодување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тие му објаснија нешто набрзина нему, грабнувајќи по еден сосема кус миг да се поднасмевнат во таа своја разјареност, со една иста така разјарена, но и задоволна насмевка, како по некоја успешна експлозија, која и нив ги исплашила но и ги израдувала најмногу од сѐ, тоа траеше сосема кусо, а после сите се наведнаа и го слушаа, додека тој им зборуваше тивко, споро, но остро, гледајќи го секого од нив со еден светнат, жив поглед, кому ништо не му се прокрадуваше незабележано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Седеа еден спроти друг и се гледаа право в чело, а сонцето ги потпечуваше озгора како на тлеан оган и тие си зборуваа тивко, речиси со шепот, да не ги исплашат рибите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)