Заборавивте дека со неа ја имавме репката, маслото, тепањето, срамотењето затоа што си зборувавме наши...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Туа – мешајќи го костурскиот говор со македонскиот литературен јазик - од купчето оддели неколку исечоци од весници – пиши како ние тој ден дадовме заклетва дека нема да си го зборуваме нашиот јазик.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Песните и паролите не ни беа туѓи. И таму, во далечните романски градови, во кои нѐ одведоа за да се спасиме од војната, само за војна ни зборуваа нашите воспитувачи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)